Неверојатни хотели во кои ќе сакате да се телепортирате

Giraffe Manor во Најроби, Кенија

Една од највпечатливите градби во Најроби има прекрасна градина и сончева тераса. Гостите може да се дружат со жирафи, кои се толку питоми, што дури и ќе појадуваат со вас.

Цената за ова неверојатно доживување изнесува 490 евра за едно ноќевање.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-12.jpg

ION Luxury Adventure Hotel во Несјавелир, Исланд

Сместен во подножјето на вулканот Хенгил, на само 18 km од Националниот парк „Тингвелир“ кој е под заштита на УНЕСКО, овој хотел изгледа како да е сраснат со самата планина. Зградата изгледа како да плови во воздухот од одредени агли, а во близина има извори на топла вода што создаваат неверојатно спа-уживање.

Цената за сместување изнесува 496 евра за двокреветна соба.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-13.jpg

Giant Wine Barrel Room во Засбахвалден, Германија

Еко-пријателски настроениот хотел, вклучува соби - „вински буриња“ со поглед кон богатите лозја. Сместен во прекрасна природа со уникатен пејзаж, во близина на селце познато по правење вино и дрвната индустрија, овој хотел нуди одмор со вистински рустикален шмек.

Цената изнесува 156 евра за двајца по ноќевање.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-14.jpg

Treehouse Lodge во Икитос, Перу

Вистинска куќичка на дрво во Амазонската џунгла. Сите мали бунгалови се наоѓаат високо над земјата и потсетуваат на мали гнезда направени од дрвени даски.

Цената за изнајмување една куќичка на дрво за 2 вечери, изнесува неверојатни 1238 евра за двајца.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-15.jpg

Icehotel во Јукасјерви, Шведска

Вистински бисер на шведскиот мраз е овој хотел креиран од страна на уметници-скулптори на мраз. Ледените соби се декорирани со ЛЕД светилки, животински кожи, уметнички слики и скулптури.

Не се препорачува спиење повеќе од една вечер во ледениот хотел, а цената изнесува 578 евра за двајца.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-16.jpg

Treehotel во Харадс, Шведска

Собите изгледаат како мали летечеки чинии и се прикачени помеѓу дрвјата. Можете да бирате различни дизајни со панорамски глетки, а внатрешноста е уредена во типичен шведски стил.

Цената за една ваква капсула изнесува 503 евра за двајца.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-17.jpg

Eco-Hotel LeapRus во Кабардино-Балкарија, Русија

Овој хотел се наоѓа на една од највисоките висини во светот, на 3912 m надморско ниво. Сепак, изворите со топла вода го прават престојот неверојатно удобен, подовите се загреани, интернетот изненадувачки брз, а оброците неверојатно вкусни.

До хотелот се стигнува со ратраци или со жичарница која оди до 3800 m надморска височина.

Цените започнуваат од 7.500 рубљи или околу 118 евра дневно за 1 човек, а цената за панорамски поглед со вклучени оброци изнесува 8.800 рубљи или 125 евра.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-18.jpg

Hotel Igloo Mountain area во Начики, Русија

Овој егзотичен хотел потсетува на живеалиштата на Ескимите, односно иглу, целосно направено од снег. Опремени се со бар и камин. Иглуто собира до 8 гости максимум, а креветите се обложени со животинска кожа за да ги згреат и најзимурливите.

Цените за изнајмување започнуваат од 31 до 142 евра за една вечер, по човек.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-19.jpg

Montana Magica Lodge во Нелтуме, Чиле

Надворешниот изглед на хотелот потсетува на вулкан и ако не се прозорците кои се отвараат, би помислиле дека е дел од шумското опкружување. Единствениот начин да се дојде до хотелот е преку мовчето со даски, кое виси во воздухот.

Цената за 2 ноќи изнесува околу 367 евра по човек.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-20.jpg

Société Duvetnor во Квебек, Канада

Светилникот на реката Свети Лаврентиј (Сент Лоренс), изграден во 1862 година бил напуштен 100 години подоцна, а во 1989-та година се трансформирал во удобен хотел.

Располага со 3 двокретени соби, кои се декорирани во духот на 19-ти век и заедничка дневна соба. Со телескопот на кулата може да се набљудуват птици, ѕвезди и бродови.

Цената на сместување изнесува 175 долари за една личност.

20-neverojatni-hoteli-za-koi-nema-da-vi-se-veruva-deka-postojat-21.jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg