Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Project Manager 05-02-2025
Project Manager 05-02-2025
Project Manager 05-02-2025
QA Engineer 05-02-2025


Места кои наскоро ќе исчезнат

mesta-koi-naskoro-ke-isceznat-povekjeГлобалното затоплување и порастот на нивото на морето би можеле во блиска иднина засекогаш да уништат некои европски природни и културни...

 

...знаменитости. Затоа би било убаво да ги посетите додека се уште постојат:

1. Долината Олимпија е сместена на полуостровот Пелопонез на југот на Грција. Исклучително суво и топло време резултирало со серија ерупции на вулкани како и пожар кој во голема мера уништи дел од долината во 2007 година.

mesta-koi-naskoro-ke-isceznat-10

2. Поволната географска положба на Копенхаген, главниот град на Данска, го претвори во комерцијален центар уште во 12-тиот век, но порастот на нивото на морето му се заканува на овој град.

mesta-koi-naskoro-ke-isceznat-2

3. Повеќе од половина од Ротердам е понизок од нивото на морето. На крајот на 90-тите е направена бариерата Maeslantkering со цел да се заштити градот од морето кое пораснало на 4,88 метри, но тоа не може да ги реши проблемите кои настануваат на долг рок заради честите климатски промени.

mesta-koi-naskoro-ke-isceznat-3

4. Подрачјето Waddenzee во Данска е сместено во југоисточниот дел на Северното море. Морската вода и сила на ветерот го формирале ова подрачје, а потоа ги уништиле наталожените седименти. Кобно ќе биде ако нивото на морето се покачи над очекуваното.

mesta-koi-naskoro-ke-isceznat-8

5. Zahara de la Sierra е мал град во планините на Андалузија во јужна Шпанија. Големата топлина лесно може да го опустоши и овој крај.

mesta-koi-naskoro-ke-isceznat-6

6. За Лондон кобна би можела да биде реката Темза. Градските власти во 1983 година изградиле преграда која секоја година спречува поплави. Ако нивото на морето расте, оваа преграда нема да го спаси Лондон.

mesta-koi-naskoro-ke-isceznat-1

7. Италијанската тврдина Lucedio Abbey која се наоѓа на 50km од Торино имала важна улога во производството на ориз во овој крај. Топењето на глечерите од Алпите би можеле да го загрозат ова производство.

mesta-koi-naskoro-ke-isceznat-9

8. Архипелагот во Финска со 40.000 острови се соочува со загадување предизвикано од алгите. Недостатокот на кислород може да му наштети на морскиот живот, а глобалните климатски промени може да го влошат овој проблем.

mesta-koi-naskoro-ke-isceznat-7

9. Езерото Балатон во Унгарија, е најголемо во централна Европа и една од најпознатите унгарски туристички дестинации. Покачувањето на температурите може да доведат до пресушување на ова езеро.

mesta-koi-naskoro-ke-isceznat-5

10. Централната шведска провинција Даларна има најголем број стебла кои се основна суровина за производство на хартија. Во време на летните месеци заради глобалното затоплување доаѓа до покачување на температурите кои штетат на растителниот свет.

mesta-koi-naskoro-ke-isceznat-4

Би можело да ве интересира:

Ако годината се познава по Св. Игнат - мојата ќе биде за Солун, патувања и честење кафе Старите велат „што правиш на 2 јануари - ќе правиш цела година“. Што правевте вч...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
Магично селце на Алпите е сцена од бајките (фото) На граница помеѓу Италија, Австрија и Словенија, со измешани култури и спектакул...
Топ 8 најубави плажи на Пелопонез - со ситен песок и кристално чисто море Освен многуте археолошки пронаоѓалишта, историски знаменитости и атракции кои ну...
Германец посетил 190 држави во две години: „Македонија е меѓу најпотценетите, Египет е пренапорен за... „Не одете само во Франција, Италија, Грција и Шпанија. Има уште 40 земји кои мож...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg