Европски хостели за топ журка
Ако патувате низ Европа најпаметно и најевтино ви е да преспиете во хостел. Хостелите нудат одлична забава и можност да запознаете луѓе од целиот свет.
Ако сакате да си поминете лудо и незаборавно, резервирајте кревет во некој од овие хостели.
1. The Flying Pig, Амстердам, Холандија Сместен е во самиот центар на Амстердам. Нуди опуштена атмосфера со урбана музика и секако легално пушење марихуана. Заради популарноста на овој хостел мора да резервирате неколку недели однапред. |
|
2. Kabul, Барселона, Шпанија
-->
-->
Овој хостел се наоѓа во самиот центар на Лас Рамбас. Забавата е загарантирана - happy hour почнува во 19:00. Идеално место да се журкате цела ноќ и да се разбудите попладне.
-->
|
|
3. The Yellow, Рим, Италија
-->
Овој мал хостел можеби не е толку познат по својот луд ноќен живот, но нуди пријатна атмосфера и удобен престој во Рим. |
|
4. The Clown and Bard, Прага, Чешка Собите имаат по 36 кревети – бурно е и во текот на денот и ноќе. Happy Hour почнува во 7 часот навечер и секогаш има и жива свирка. Ако спиете во собите со повеќе кревети задолжително понесете тампони за уши – овој хостел е познат по тоа што гостите не се придржуваат до правилата за секс. |
|
5. St. Christopher's Inn, Лондон, Англија Бар, караоке, евтини пијалоци и лиценца за журкање до 4 часот наутро – се причините зошто овој хостел станал популарен и најпосетен во Велика Британија. |
Доколку познавате сличен хостел низ Европа, слободно споделете!