10-те најромантични скриени италијански гратчиња

Кога станува збор за градови на љубовта и вљубените, Италија има да понуди многу повеќе од само Фиренца, Венеција или прекрасните пејзажи на езерото Комо.

10-skrieni-italijanski-gratcinja-nepoznati-za-mnogu-turisti-10

Всушност, некои од најубавите дестинации за одмор се малку познатите гратчиња и села скриени од добропознатите туристички рути.

Од магичното сицилијанското крајбрежје до средновековните замоци во Умбрија, ова се 10-те најромантични италијански гратчиња.

1. Чефалу, Сицилија

10-skrieni-italijanski-gratcinja-nepoznati-za-mnogu-turisti-01

Сместен меѓу планините и крајбрежјето, овој мал сицилијански град е совршено место за двојките кои бараат бегство покрај морето.

Покрај променливите ветрови, песочните плажи и живописното пристаниште, ова гратче има шармантен историски центар (centro storico), и голем број на пријатни ресторани.


2. Урбино, Ле Марче

10-skrieni-italijanski-gratcinja-nepoznati-za-mnogu-turisti-02

Не е тешко да се забележи зошто токму Урбино бил инспирација за делата на ренесансните сликари Пјеро де ла Франческа и Паоло Учело: Градот претставува сложувалка од кули и куполи распоредени околу прекрасната „Palazzo Ducale“ (Палата на војводата), сместен на стрмен рид.

Градот е толку посебен што во 1998-та година е прогласен за светско наследство од страна на УНЕСКО. Со своите 200-годишни ботанички градини, неокласични цркви и прекрасни плоштади, тој претставува релаксирано и романтично место каде можете да уживате.


3. Трапани, Сицилија

10-skrieni-italijanski-gratcinja-nepoznati-za-mnogu-turisti-03

Градот Трапани е романтичен сам по себе – тој е дом на прекрасни средновековни урнатини, антички катедрали, одлични ресторани и скриени како Lido Paradiso.

Но, вистинското место за прошетка се прекрасните острови Егади до каде ќе стигнете со фериброд.


4. Сполето, Умбрија

10-skrieni-italijanski-gratcinja-nepoznati-za-mnogu-turisti-04

Можете да го поминете целиот ден воодушевувајќи се на извонредната архитектура – амфитеатар од вториот век и прекрасна средновековна тврдина.

Како одмор од долготрајното шетање можете да седнете во некој од локалните ресторани (trattorie) за прекрасен ручек.


5. Гаета, Лацио

10-skrieni-italijanski-gratcinja-nepoznati-za-mnogu-turisti-05

Сместен меѓу Рим и Неапол, Гаета е град од каде ќе имате совршен поглед на заливот под него. Прошетајте по „Montagna Spaccata“, планина која е распарчена на пола како резултат на земјотрес кој се случил во минатото.

Уште 5 места на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Неколку причини зошто да го посетите Бледското Езеро во Словенија Во средината на езерото е сместена црквата „Успение на Богородица“ каде посетите...
Велигденски базари во европските градови кои се како пролетна бајка Кои европски градови се претвораат во вистинска велигденска бајка пред празницит...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Која е Македонката, која ги сподели најубавите празнични фотки од Романија и Монако? „Со душа чекам да започнам со објава на празничните фотки“ – напиша на фотографи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg