10-те најромантични скриени италијански гратчиња

6. Галиполи, провинција Лече, Пуља

10-skrieni-italijanski-gratcinja-nepoznati-za-mnogu-turisti-06

Посетете ги прекрасните барокни катедрали и живописното пристаниште и откријте зошто Галиполи е најубавиот град на полусотровот Саленто.

Галиполи е избор за меден месец на многу млади двојки, бидејќи има прекрасни плажи со тиркизна вода и огромен број аристократски палати во кои можете да престојувате.


7. Сперлонга, Лацио

10-skrieni-italijanski-gratcinja-nepoznati-za-mnogu-turisti-07

Тивок крајбрежен град јужно од Рим од каде можете да го набљудувате најубавото зајдисонце кое некогаш сте го виделе со чаша розе во рака.


8. Губио, Умбрија

10-skrieni-italijanski-gratcinja-nepoznati-za-mnogu-turisti-08

Благодарение на неговата одлично зачувана готска архитектура и возвишеноста на стариот свет, средновековниот град Губио изгледа како да застанал во времето и воопшто да не се променил.

Посетете го „Castello di Petroia“, замок кој датира од 15-от век или шетајте низ тесните улички на градот и почувствувајте го италијанскиот дух.


9. Исео, Ломбардија

10-skrieni-italijanski-gratcinja-nepoznati-za-mnogu-turisti-09

Иако можеби езерото Комо е најпознатото езеро во Италија, мирот и живописноста на езерото Исео е она во кое ќе се заљубите уште при првата средба.

Самиот град Исео, сместен на јужниот брег од езерото ви дава одличен поглед на волшебната „Monte Isola“, планина која изникнува од центарот на езерото.


10. Пиомбино, Тоскана

10-skrieni-italijanski-gratcinja-nepoznati-za-mnogu-turisti-10

Пиомбино, некогаш нарекуван „мал Париз“ од страна на Големата војвотка на Тоскана е одлична дестинација за меден месец или место каде можете да го прославите Св. Валентин со вашата сакана личност.

Земете шише вино и од познатото сирење, пекорино, и упатете се кон „Piazza Bovio“, од каде ќе имате прекрасен поглед на заливот и островот Елба, каде се кријат некои од најубавите плажи на Италија.

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 европски острови кои вреди да ги посетите според Forbes: Хвар во Хрватска е на прво место Кои 4 европски острови вреди да се посетат според Forbes? Кои од нив се релативн...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Работи што се норма во земјите ширум светот, но се „културен шок“ за странците „За Италијанците, доцнењето е нормално и никогаш не го гледаат како неучтивост“....
Највкусната улична храна низ Европа (што треба да ја пробате) Палачинки во Франција, трделник во Чешка и, секако, бурек во Македонија – која в...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg