4 европски острови кои вреди да ги посетите според Forbes: Хвар во Хрватска е на прво место

Кои 4 европски острови вреди да се посетат според Forbes? Кои од нив се релативно блиску до нас и што е она што ги прави посебни за туристите?

koi-4-evropski-ostrovi-vredi-da-gi-posetite-spored-forbes-hvar-vo-hrvatska-e-na-prvo-mesto-01.jpg

Во пресрет на новата летна сезона, угледниот магазин Forbes објави текст во кој издвои 4 европски острови што вреди да ги посетите во 2024-та година, а на прво место се најде хрватскиот остров Хвар.

Во статијата се нагласува дека во Европа има околу 2.000 острови, а покрај најпознатите Миконос, Санторини и Сардинија, се издвојуваат 4 помалку познати острови на континентот што би можеле да ги посетите во 2024-та година.

Кои 4 острови Forbes ви препорачува да ги посетите ова лето?

Хвар, Хрватска

На првото место се најде хрватскиот остров, кој во изминатите години е омилена дестинација за голем број туристи, но и познати личности, како Бекамови, Бијонсе и Кајли Миног.

„На Хвар може да се најде за секого по нешто – одлични ресторани и ноќен живот идеален за гламурозните посетители со суперјахти.

Има голем број спа и велнес центри, наменети за секој што сака да ги наполни батериите, а оние ‘поповлечените’ може да уживаат во рустикалните винарии и полиња со лаванда во внатрешноста на малиот остров“ – се вели во статијата.

Според статијата, најдобар период за посета на островот е помеѓу мај и јуни, или во септември и октомври кога времето сѐ уште е топло и сончево, но нема толку многу гужва како што е вообичаено за време на екот на сезоната во јули и август.

Надворешни Хебриди, Шкотска

На второ место се најде архипелагот кој е сместен во близина на островот Велика Британија, односно Шкотска.

„Станува збор за 200 острови што се протегаат на 209 километри. Само неколку од нив се населени, а островот Тире е омилен за сите сурфери со едрилици.

Со белите песочни плажи, островот се нарекува Хаваи на Северот“ – стои во написот.

Најдобар период за посета е во лето, кога времето е најтопло, деновите се подолги, а температурата на водата е околу 14 степени Целзисуови.

Стромболи, Италија

На листата се најде и еден од четирите италијански активни вулкани, кој е наменет за оние што имаат време за подолги патувања.

„Нема аеродром и пристапот е со фериброд или хидроавион од сицилиските градови Милацо и Месина“ – нагласуваат во статијата.

Најдобро време за посета на островот е во септември кога има многу помалку луѓе кои се обидуваат да се приближат до активниот вулкан или да уживаат во опуштениот селски живот на островот.

Хајмеи, Исланд

На последното место се најде најголемиот остров на јужниот брег на Исланд, кој е најпознат по вулканската ерупција од 1973-та година, заради што целото население на островот било евакуирано, а почвата била прекриена со 200 милиони тони од пепел и лава.

„Денес има околу 5.000 жители кои живеат заедно со милиони двојки птици пафини, кои се размножуваат во периодот помеѓу април и доцното лето, кога туристите можат да ги гледаат како им носат риба на малечките што се скриени во карпите“ – се вели во написот.

До островот се стига со авион од Рејкјавик или со помош на ферибот.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg