Велигденски базари во европските градови кои се како пролетна бајка

Кои европски градови се претвораат во вистинска велигденска бајка пред празниците?

koi-se-najpoznatite-veligdenski-bazari-vo-evropa-01.jpg

Слично како за време на божиќните, така и за велигденските празници, во голем број европски градови се одржуваат тематски базари, каде може да уживате во локалната храна, но и да си купите рачно изработени декорации поврзани со празникот.

Освен што се поврзуваат со велигденските празници, овие базари често се поврзуваат и со доаѓањето на пролетта, a најчесто се одржуваат во втората половина на март и на почетокот на април.

Во продолжение погледнете кои се најпознатите велигденски базари во Европа:

Виена, Австрија (16.03 - 01.04)

Освен што таму се одржува еден од најпознатите божиќни базари, во Виена, исто така се одржува и прекрасен велигденски базар.

На тезгите може да се најдат голем број декоративни јајца, кои се наменети за велигденските дрвја (Osterbaum).

Исто така, на околу 300 километри од Виена, во Салцбург се одржува велигденски фестивал, каде можете да проследите голем број изведби на класични музичари и оперски пејачи.

Од Виена до Салцбург се патува со воз, а патот трае околу 2.5 часа.

Колмар, Франција (28.03 – 21.04)

Колмар е една од омилените дестинации за патување пред божиќните празници, а се смета дека има посебен шарм и во пролет, односно во периодот пред велигденските празници.

Магичното француско гратче кое било инспирација за насликаните куќи во анимираниот филм „Убавицата и ѕверот“ е декорирано во духот на велигденските празници, а на тезгите се продаваат голем број рачно изработени декорации и локални специјалитети.

Овој базар во Колмар е познат и како „Фестивал на пролетта“.

Прага, Чешка (16.03-07.04)

Во Прага има повеќе велигденски базари кои не се на многу голема оддалеченост едни од други.

Освен што можете да купите ракотворби и да уживате во локалната храна, секоја вечер има и богата културна програма со музика и танц.

Краков, Полска (21.03 – 02-04)

Во периодот пред Велигден, во Краков се одржуваат повеќе велигденски базари, каде може да се купат голем број декорации и рачни изработки, а можете да уживате и во локалната храна.

Бонус: Фестивал на лалињата во Амстердам

Во главниот град на Холандија во овој период не се одржува велигденски базар, но затоа во периодот околу велигденските празници има фестивал на лалињата.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg