Најубавите божиќни пазари во Европа кои можете да ги посетите оваа сезона
3. Лил, Франција
Ако Франција е на вашата листа за посета за време на новогодишните и божиќните празници, тогаш можете да се одлучите за посета на Лил и да уживате во топлата празнична атмосфера на Rihour каде ќе најдете повеќе од 80 тезги.
Овогодинешната магија започнува од 18-ти ноември и трае до 30-ти декември 2015 година.
4. Келн, Германија
Во Келн имате 7 божиќни пазари кои привлекуваат повеќе од 2 милиони посетители годишно.
4-те најголеми пазари се лоцирани на: Rudolfplatz, на пазарот Alter, Neumarkt и пред главната катедрала на Келн.
Божиќните пазари тука се отвораат на 23-ти ноември и траат до 24 декември.
5. Виена, Австрија
Божиќните пазари тука датираат уште од средновековието кога во 1298-та година, Албрехт I Хабзбуршки им дал можност на своите граѓани да го отворат првиот божиќен пазар или „Krippenmarkt“.
Денес во Виена постојат над 20-на пазари во кои можете да најдете прекрасни подароци за вашите најмили.
Пазарите во Виена се отвораат на 13-ти ноември 2015 година и траат до 26-ти декември.