Најубавите божиќни пазари во Европа кои можете да ги посетите оваа сезона
Една од најзабавните и најинтересните работи кои можете да ги направите за време на зимските празници е посетата на некои од најубавите Божиќни пазари низ Европа.
Со оглед на тоа што во Европа се слави католичкиот Божиќ, овие пазари се отворени порано, некои уште од самиот почеток на декември, па нивната посета можете да испланирате уште сега.
Ова се дел од оние празнични дестинации и атракции во кои со сигурност ќе уживате со целото семејство.
5-те најубави божиќни пазари во Европа:
1. Прага, Чешка
Божиќните пазари се популарна традиција во Прага. Секоја година тука се собираат посетители, туристи и локалните жители за да ја искусат магијата на божиќниот дух.
Плоштадот во стариот центар на градот е едно од најпопуларните места каде има концерти на отворено. Пазарот се отвора на 28-ми ноември 2015 година и ќе трае до 1-ви јануари 2016 година.
2. Брисел, Белгија
Божиќните празници и деновите пред нивното пристигнување се идеално време за посета на Брисел. „Winter Wonders“ е главниот настан во Брисел каде ќе најдете повеќе од 200 тезги на кои се изложени за продажба на најразлични производи.
Можете да уживате и во лизгање на отворено. Па, ако сакате да бидете дел од овој празничен настан во Брисел, најдобро е да го посетите во периодот од 27-ми ноември 2015 година, до 3-ти јануари 2016 година.
Уште 3 места на следната страна...