20 причини зошто Норвешка е најубавата земја во светот

Без сомневање, Норвешка е една од најубавите земји, но и најдобрите за живот. Таа е дом за повеќе природни феномени отколку што можете да си замислите, има фантастични градови, фасцинантна историја и вистински среќни луѓе.

20-pricini-zosto-norveska-e-najubavata-zemja-vo-svetot-01

Се прашувате зошто да отпатувате во Норвешка?

1. Норвешка е едно од најсреќните места на земјата. Истражувањето спроведено во 2013 година ја сместило Норвешка на 2 место од вкупно 156 испитани земји.

2. Сигурна е за живот и престој. Стапката на криминал е навистина ниска, а убиствата се ретки. Кој би трошел енергија за тоа кога е среќен?

3. Тука важи законот наречен „allemannsrett.“ Ако буквално го преведете, значи „сите човечки права“ и е закон кој им овозможува на луѓето потполна слобода. Норвешка е една од ретките каде имате можност да поставите шатор каде сакате или пак да истражувате нови места кои се тешко достапни.

4. Trolltunga е идеално место за фотографирање.

20-pricini-zosto-norveska-e-najubavata-zemja-vo-svetot-02

5. Исто како и Kjeragbolten.

20-pricini-zosto-norveska-e-najubavata-zemja-vo-svetot-03

6. Дури и урбаните места имаат бујна природа. Како на пример Осло, главниот град на Норвешка.

7. Тврдината Fredrikstad  е прекрасно, древно чудо.

20-pricini-zosto-norveska-e-najubavata-zemja-vo-svetot-04

8. Фјордовите во Норвешка се природни феномени кои ве молат да ги истражувате.

20-pricini-zosto-norveska-e-najubavata-zemja-vo-svetot-05

9. Само тука можете да пронајдете колиби за рибари во кои можете да престојувате ако посакате.

10. Можете да видите полноќно сонце. Природен феномен кој се гледа 24 часа само во северна Норвешка.

11. Има повеќе езера од Финска која е позната како „земја од илјада езера.“ Норвешка има да понуди речиси стотина илјади езера кои ќе ве маѓепсаат.

12. Hornindalsvatnet е најдлабокото езеро во Европа.

20-pricini-zosto-norveska-e-najubavata-zemja-vo-svetot-06

13. Норвешка го има најдолгиот тунел во светот, долг дури 24.5 километри. Возењето низ него трае 20 минути и е поделен на 4 тематски дела.

14. Ова е поглед од врвот на планината Fløyen во Берген, каде можете да се искачите со жичара.

20-pricini-zosto-norveska-e-najubavata-zemja-vo-svetot-07

15. Имате шанса да видите поларна светлина. Погледот е спектакуларен.

16. Поларните мечиња се лесно достапни за набљудување.

17. Национален пијалак е Aquavit. Пијалак на база на компир зачинет со билки. Вкусно и моќно!

18. Aalesund е прекрасен во текот на денот.

20-pricini-zosto-norveska-e-najubavata-zemja-vo-svetot-08

19. Можете да скијате и за време на лето. Ако ви дојде таква желба од мај до јули, посетете го ски центарот „Stryn Summer.“

20. За крај, Норвешка има околу 50.000 острови и брег кој се протега на повеќе од 83.000 километри.

20-pricini-zosto-norveska-e-najubavata-zemja-vo-svetot-09

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg