Сигурно лето: Прва помош за сите незгоди
Слатката вода може само да ја влоши ситуацијата кај опекотините од медуза, врелата вода е прва при убод од морски пајак, а опекотините од сонце најлесно ќе ги ублажите со облози од зелен чај.
Доколку ништо од ова не ви беше познато, само продолжете да читате, следат голем број на незгодни летни ситуации и како да се заштитите од поголеми компликации и болки.
Болка во мускулите или повраќање кај поголеми опекотини
Ако на пример настрадате од некој од пипките на медузите, може да се појави голема болка во мускулите, зголемена температура и повраќање. Тогаш задолжително побарајте лекарска помош и пијте ги препишаните лекови.
Не го тријте повреденото или изгорено место
По допирот со некое морско животинче кое ќе ви предизвика опекотини, останете мирни бидејќи зголеменото движење само го забрзува ширењето на отров во телото. Освен тоа, никако не го тријте местото за да не предизвикате избивање на поголеми пликови.
Боцките од морскиот еж може да останат до 1 месец под кожа
За да ги избегнете непријатните болки најпрво извадете ја боцката со пинцета и игла, а потоа соодветно дезинфицирајте го местото. Доколку не ви помине болката по неколку дена, не стравувајте, боцките од морскиот еж понекога остануваат по цел месец под кожата пред да излезат.
Заштитете се со највисок фактор
Ако сакате да ги спречите црвенилата и болката од изгорената кожа во маркетот секогаш одбирајте заштитен фактор со највисока бројка. Не се задоволувајте со масла со низок заштитен фактор. Ако не сакате да изгорите, мачкајте се на секој половина час најмалку.
Не ја лупете сами кожата
Болката од изгорениците ќе ја ублажи термалната вода, а потоа истите места намачкајте ги со неутрална хранлива крема. Ако почнете да се лупите, во никој случај не го тргајте горниот слој сами. Подобро направете благ пилинг и хидрирајте ја кожата.
Сок од лимон и лук против чешање
За да не бидете мета на сите комарци, за време на летниот период избегувајте парфимирана козметика и темна облека. Чешањето од убод од било кој инсект ќе го ублажи солта или сокот од лимон и лук.
Туширајте се после секое излегување од вода
Ако се сомневате дека водата во која се бањате не е доволно чиста, за да ги избегнете инфекциите практикувајте да се избањате неколку пати во денот со чиста вода. Топлата вода и благиот сапун се одличен начин да ги избегнете сите иритации на кожата.
Преметнатиот зглоб потопете го во ладна вода
На болниот зглоб ставајте ледени облоги или држете ја ногата во ладна вода неколку минути, додека може да издржите. Освен тоа, масирајте со креми кои имаат својство да го ладат местото.
Внимавајте да не „прегреете”
Доколку за време на одморот почувствувате големена топлина, се потите повеќе од вообичаено или пак се чувствувате исцрпено, веројатно е дека сте дошле до состојбата наречена хипертермија или топлинска прегреаност. Во овој случај одлежете еден ден во ладна соба, јадете свежо овошје од фрижидер, пијте многу безалкохолни и незасладени пијалоци.