Шесте најскапи хотелски апартмани во светот
Скапите хотелски апартмани се вистинско уживање и будење за сите сетила. Доволно е само да уживате што ги гледате, а тек ако имате можност да ги посетите?
Токму ова се шесте апартмани во кои најчесто уживаат славните, моќни и богати лица кои не ги штедат парите за задоволствата.
Апартманот во хотелот “Ritz Carlton” во Москва
230 квадратни метри за над $18.000 долари од ноќ, кои ви гарантираат луксузен престој со неверојатен поглед, храна и сместување.
Претседателскиот апартман “Intercontinental” во Хонг Конг
За „само” $13.000 долари од ноќ ќе уживате во бесконечен базен на кров и удобно џакузи само за ваши потреби. Приватната тераса со неверојатен поглед секако влегува во цената, како и најудобниот мебел кој некогаш сте го испробале.
Кралскиот апартман “Burj Al Arab” во Дубаи
Дубаи е сам по себе екстраваганција, така што не е ни чудо што за ова уживање ќе мора да одвоите $19.000 долари за ноќ. Во оваа цена спаѓа и личен батлер, мирна атмосфера, масери и најлуксузна бања.
Стан апартманот во “Çiragan Palace”, Истанбул
Вистинско уживање за високата класа. Величествен и раскошен апартман кој одлично ја претставува турската култура и историја. Овој хотел располага и со приватен брод и хеликоптер кои се на располагање на сите гости. Во овој софистициран апартман ќе можете за уживате за околу $15.000 долари од вечер.
Кралскиот апартман “Four Seasons” во Париз
Мислите дека веќе ја видовте најскапата соба? Не би рекле. Оваа кралска соба во Париз држи цена од $24.550 долари од вечер. Преполна е со француски атикватети од 19 век и уредена е во добро препознатливиот париски стил.
“Ritz Carlton” апартманот во Токио
И повторно уште една вртоглава цена од $26.000 долари по ноќ. Но, за таа сума добивате простор од над 300 метри квадратни, најлуксузно уредени.