Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 евтини дестинации кои треба да ги посетите

Интересно е што сè уште постојат светски локации кои нудат неверојатни убавини за не толку висока цена. Доколку имавте во план да се прошетате, а да не потрошите многу пари, ви ги предлагаме следните 10 дестинации:

10-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-dodeka-se-eftini-01

1. Украина – Сите туристи кои ја посетиле оваа земја се враќаат зачудени од културолошкото богатство, гостопримливите луѓе и фактот дека може да уживате во украинските традиционални јадења за само неколку евра.

2. Јужна Кореа – Во оваа земја можете дури и да престојувате во полуксузен хотел за доста ниски цени. Неколку месеци во годината дури има и бесплатен организиран превоз со автобус за сите туристи до поголемите градови. Исто така, и водичите се бесплатни.

3. Тасманија – Спој на стар и модерен град на еден австралиски остров. Кафулињата на пристаништата, продавниците, живописните уметнички сцени од музеите и галериите исто како и кулинарските способности на жителите го прават овој град посебен.

4. Никарагва – Стабилна земја која има многу древни рушевини, бујни џунгли, прекрасни плажи и фантастични цени кои всушност се многу важни за нејзиниот туризам. Токму заради тоа што сè уште не станала хит дестинација, за сега е доста примамлива.

5. Камбоџа – Земја која е одличен спој на гостопримливи луѓе, фасцинантна култура и занимливости кои вреди да се погледнат. Цените и понатаму се ниски во однос на популарните азиски земји.

10-mesta-koi-treba-da-gi-posetite-dodeka-se-eftini-02

6. Шри Ланка – Спектакуларна, а сè уште не опколена со туристи. Природните катастрофи имаат оставено последици, но заради нејзините привлечни места за сурфање ќе го заборавите тој факт. Голем број на културни добра се заштитени, што значи дека навистина е дестинација која има што да понуди.

7. Турција – Земја која е во развој и чија туристичка инфраструктура расте од година за година. Одлично е поврзана со авионски линии. Нуди антички знаменитости, привлечни плажи и прилично ефтин шопинг.

8. Панама – Ширењето на Панамскиот канал ќе биде завршено следната година, па затоа овој момент е одличен за посета на оваа дестинација. Во понудата влегуваат и неверојатни диви и стари плажи, традиционални јадења по цена од неполни 4 евра и престој во луксузни хотели за многу ниски цени.

9. Крајбрежјето на Мексиканскиот залив – Полека се оправува од најголемото излевање на нафта. За разлика од многу американски држави на оваа обала, има гратчиња кои ги задржале ниските цени за туристи кои својот одмор сакаат да го поминат на неверојатните плажи. Бел песок, топла вода и ниски цени и ништо повеќе не ви е потребно.

10. Хрватска – Јадранското Море веќе не единственото нешто заради кое туристите ја посетуваат оваа земја. Понудата за туристи се зголемува од година на година, а цените за некое чудо остануваат исти. Прекрасни знаменитости, плажи и природни острови се она во што ќе уживате во Хрватска.

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Магично селце на Алпите е сцена од бајките (фото) На граница помеѓу Италија, Австрија и Словенија, со измешани култури и спектакул...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...
Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg