8 уникатни хотели направени од чуден материјал
Луѓето од секогаш барале разни начини да ја изразат својата креативност, макар оделе и до крајности.
Овој пат се работи за хотели чии творци биле доволно креативни да ги направат градбите од најчудните материјали.
1. Хотел од карти – овој хотел е целосно направен од карти при што се употребени над 200.000 карти. Тука сè е од карти – тоалет, кревет, ѕидови и сл.
2. Контејнери – хотелот Ксијанг Ксијанг Ксијанг Преј Хаус е целосно направен од контејнери, а има дури 5 ѕвезди.
3. Чоколада - Magnum Chocolate Hotel Suite е целосно направен од чоколади, за кој се потрошени над 10,5 тони чоколада.
4. Глина/трска/дрво/цемент - Friend хотелот се наоѓа на 20 километри од градот Днепропетровск во Украина. Користени се само еколошки материјали.
5. Цилиндри -Tubo хотелот е направен само од вакви бетонски цилиндри.
6. Железница - Controversy Inn е изграден од рециклирани вагони. Хотелот се наоѓа во Холандија.
7. Песок – овој хотел ќе ве врати во детството, поради фактот што е отворен и целосно направен од песок. Една ноќ во овој хотел изнесува 21 долар, односно во локална британска валута – 10 фунти од вечер.
8. Солената палата е изградена од цели блокови сол. Се наоѓа во Боливија, Латинска Америка – ако сакате посолена храна, едноставно скршете од столчето.