Гледањето други жени на плажа е најчеста причина за кавга
На мажите најмногу им пречи што на жените им треба цела вечност да се подготват за вечерно излегување, додека жените ги нервира што нивните партнери не носат доволно гардероба за на одмор.
Три четвртини од паровите на годишен од мор се карат најмалку два пати, открило истражувањето на порталот Latedeals.co.uk.
Уште пред да стигнат на саканата дестинација паровите веќе успеваат да се скараат и тоа најчесто поради багажот. На мажите главно им пречи што нивната поубава половина носи премногу гардероба, додека жените тврдат дека нивните партнери не носат доволно гардероба.
На пат кавга предизвикува и поставувањето прашања, кое мажите не можат да го поднесат, но и парите. Паровите ретко кога се договараат кој ќе располага со финансиите и колку може да потрошат.
Најголема причина за кавга на годишен одмор е таа што мажите сакаат да гледаат други жени на плажа или на базен. Освен тоа, паровите се караат и околу активностите на плажа, жените повеќе сакаат да се излежуваат, а мажите да се занимаваат со спорт.
Изборот на ресторан и храна, како и консумирањето премногу алкохол исто така предизвикува препирки, а на мажите најмногу им пречи што на припадничките на понежниот пол им треба премногу време з ада се подготват за вечера.
Како е кај вас?