Импресивни локации во Турција, за кои можеби не знаете дека постојат, а вреди да ги посетите

Ликја Јолу

Ликија Јолу или патеката Ликија е патека за пешачење покрај брегот на Турција, со должина од импресивни 760km.

Името го добила по античката цивилизација која во минатото владеела со овој регион.

Еден дел од патеката се наоѓа на околу 20km од Анталија.

impresivni-lokacii-vo-turcija-za-koi-mozhebi-ne-znaete-deka-postojat-a-vredi-da-gi-posetite-04.jpg

Областа Датча

Овој дел од земјата е популарен меѓу морнарите, бидејќи тука се наоѓа големо пристаниште, па често го посетуваат овој дел од Турција.

Селцата и малите гратчиња се мирни, а освен убавата природа има и историски локалитети кои може да се видат.

impresivni-lokacii-vo-turcija-za-koi-mozhebi-ne-znaete-deka-postojat-a-vredi-da-gi-posetite-05.jpg

Езерото Туз

Самото име значи „солено езеро“.

Туз е второто најголемо езеро во Турција, а се наоѓа во централна Анадолија, на околу 150km јужно од Анкара.

impresivni-lokacii-vo-turcija-za-koi-mozhebi-ne-znaete-deka-postojat-a-vredi-da-gi-posetite-08.jpg

Ѓобекли Тепе

Ова е најстарото мегалитско археолошко наоѓалиште во светот, а се верува дека е старо околу 12.000 години.

Изградено е во форма на концентрични кругови (20 на број).

Археолозите го откриле во раните 1960-ти години, но никој сè уште не може да го открие неговото вистинско значење.

Во 2018 година, Ѓобекли Тепе бил вклучен во списокот на Светското културно наследство на УНЕСКО.

impresivni-lokacii-vo-turcija-za-koi-mozhebi-ne-znaete-deka-postojat-a-vredi-da-gi-posetite-06.jpg

Гробницата на Аминта во Фетије

Огромната гробница се наоѓа изградена во сама планинска карпа, а е изградена околу 350 година п.н.е.

impresivni-lokacii-vo-turcija-za-koi-mozhebi-ne-znaete-deka-postojat-a-vredi-da-gi-posetite-09.jpg

А. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg