5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами)
Иако Италија важи за романтична дестинација, сепак е одлично место и за самостојно патување затоа што е прилично безбедно место за жени.
Соло патувањето може да биде одлично искуство што ќе ви помогне да се одморите, да ја зголемите самодовербата и да напредувате во личниот живот.
Но сепак, кога жените патуваат сами треба да бидат повнимателни и да изберат безбедни места кои ќе им пружат задоволство и комфор.
Без разлика дали сакате авантуристичко патување или сакате да уживате на песочни плажи, некои патувања е подобро да ги остварите сами.
Кои градови се најповолни за жени кои одлучиле да патуваат сами, според индексот на безбедност на Numbeo?
Верона, Италија – индекс на безбедност 66,19
Иако Италија е романтична дестинација, сепак е одлично место и за соло патување зашто е прилично безбедно место за жени.
Шармантната Верона ги комбинира безбедноста, културното богатство и погодностите поволни за патниците, што ја прави одличен избор за истражување сами.
Ако сте љубители на добра храна, тогаш овде ќе пробате вкусни јадења кои долго ќе останат во вашите сеќавања.
Палма де Мајорка, Шпанија – индекс на безбедност 63,63
Ако барате дестинација каде што ќе можете да отпатувате сами, тогаш одберете ја Палма де Мајорка.
Оваа туристичка дестинација особено е популарна во летните месеци, а е идеална за соло патување зашто има многу работи кои ќе ви го одземат вниманието и постојано ќе бидете зафатени.
Родос, Грција – индекс на безбедност 70,14
Родос е место каде што можете да ги посетите историските места и плажите, во ист ден.
Исто така ова е место каде што ќе можете безбедно да шетате сами ноќе.
Амстердам, Холандија – индекс на безбедност 71,72
Амстердам е одличен избор за жените кои сакаат да патуваат во Европа сами. Станува збор за убав и безбеден град, со пријатни локали чиишто вработени зборуваат англиски јазик, па полесно би можеле да се разберете.
Јавниот транспорт е достапен, а Амстердам има ниска стапка на криминал.
Салцбург, Австрија – индекс на безбедност 79, 53
Салцбург е четвртиот најголем град во Австрија кој се наоѓа околу 117 километри од Минхен, Германија.
Ако сакате помали градови, Салцбург е одлично место за посета. Има одлична природна убавина и национални паркови.
Ако сакате авантуристичко патување, тогаш овој европски град треба да се најде на вашата листа за патување. Австрија е прекрасна земја и, генерално, можеби е една од најбезбедните држави во светот.
М. Ѓ | Црнобело