Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Подземен град, летање со балон - Зошто треба да ја посетите Кападокија?

Кападокија е местото каде што природата и историјата се спојуваат и ги создаваат најуникатните пејзажи во светот. А, најубаво време за посета е токму пролетта.

kapadokija-gradot-na-balonite-01.jpg

Пејзажот од вулкански карпести формации наречени „самовилски оџаци“ и неговите долини и кањони е најубавото нешто што останува врежано во меморијата на сите кои ќе ја посетат Кападокија.

Сместена е во централна Турција, а најпозната е по балоните со топол воздух. Доколку решите да го посетите овој регион, Кападокија е место што не треба да го пропуштите.

Најдобриот период од годината за летање со балон на топол воздух во Кападокија е од април до октомври кога времето е топло, а небото ведро, што создава идеални услови за вистинско уживање и создавање нови спомени.

Долините на волшебната Кападокија се особено убави во пролет, кога цветаат диви цвеќиња.

Освен колоритните балони, Кападокија стана и една од омилените туристички дестинации поради својата историја.

Регионот има неколку подземни градови, кои во голема мера ги користеле раните христијани како скривалишта.

Кападокија е покриена со седиментни карпи формирани од езера и потоци.

Карпите наликуваат на столбови и форми слични на минаре, а се резултат на еродирањето кое се одвивало во период од милиони години.

Областа каде што се наоѓа Кападокија уште ја нарекуваат музеј на отворено, а помеѓу 300 и 1200 година од нашата ера се развила и во монашки центар.

Tоа е комплекс кој се состои од повеќе од 30 карпести цркви и капели кои содржат извонредни фрески, кои датираат од 9 до 11 век.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg