9 најтопли европски дестинации што може да ги посетите и во зима

Кипар, Сплит, Крит... Кои европски дестинации може да ги посетите и во зима, за да уживате во благата клима, без да мора да се туркате со голем број туристи и да го избегнете метежот?

10-najtopli-evropski-destinacii-shto-mozhe-da-gi-posetite-i-vo-zima-01.jpg

Кога кај нас температурите ќе се спуштат под нулата, многумина посакуваат да побегнат некаде каде што е потопло и каде што не мора да носите слоеви и слоеви облека за да се чувствувате пријатно.

Сите знаеме за прекуокеанските локации каде сега е топло како Австралија, Мексико или Тајланд, но кои места во Европа и во јануари се познати по пријатната температура и се идеални доколку сакате да побегнете од зимата и од студот?

Кои се најтоплите европски дестинации во јануари и февруари?

Малта: Просечна температура е 18 степени

Благодарение на благата медитеранска клима, во текот на денот температурите на островот се околу 18-19 степени Целзиусови.

Сепак, во текот на вечерните часови температурите опаѓаат за неколку степени, па добро би било со себе да спакувате и јакна.

10-najtopli-evropski-destinacii-shto-mozhe-da-gi-posetite-i-vo-zima-02.jpg

Кипар: Просечна температура е 18 степени

Со оглед на тоа што се наоѓа релативно блиску до Македонија, Кипар во изминатите неколку години е мошне атрактивна дестинација за нашите туристи.

Температурите во јануари и во февруари се околу 18-19 степени, па иако не можете да се бањате, сепак можете да уживате во прошетките и посетите на значајните места.

10-najtopli-evropski-destinacii-shto-mozhe-da-gi-posetite-i-vo-zima-03.jpg

Тенерифе, Шпанија: Просечна температура е 20 степени

Канарските Острови се една од најтоплите дестинации во Европа во текот на целата година, а особено во зимските месеци.

Одлична дестинација за сите оние што сакаат да побегнат од зимата на континентот и да уживаат во коктели покрај плажа или во прошетки на пријатна температура.

10-najtopli-evropski-destinacii-shto-mozhe-da-gi-posetite-i-vo-zima-04.jpg

Анталија, Турција: Просечна температура е 16 степени

Уште една мошне популарна дестинација за туристите од Македонија во летниот период, а релативно топлото време во текот на зимските месеци, ја прави Анталија една од најпопуларните туристички дестинации и во зима.

Во овој период можете да ја избегнете гужвата и да уживате во прошетките, храната и топлата клима.

Сепак, имајте предвид дека навечер температурите знаат да опаднат, па добро е со себе да спакувате и јакна или потопла облека.

10-najtopli-evropski-destinacii-shto-mozhe-da-gi-posetite-i-vo-zima-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg