Јовица од Скопје за божиќниот маркет во Виена: „Мириса на цимет и греено вино, личи на бајка од Дизни“

4. Мора да пробате и од уличната храна, односно street food – колбаси во лепче со сенф и кечап, переци, потпечени компири со путер и многу други традиционални австриски специјалитети, кои се совршени за гладните минувачи. Колбасот чини од 4 до 6 евра, додека переците, кроасаните и костените чинат од 2 до 5 евра.

5. На секој од овие бројни божиќни маркети во Виена ќе наидете на перформанс во живо, некој детски хор или музика која доаѓа од некој инструмент, а музичарите свират стари, познати божиќни песни.

Културната сцена на градот во овој период е во полн ек. Музичките хали се исполнети со звуците на класичната музика, особено со делата на Моцарт, Бетовен и Штраус, кои даваат уште пософистициран шарм на празничната атмосфера.

jovica-od-skopje-go-poseti-bozhikjniot-market-vo-viena-sekade-mirisa-na-greeno-vino-i-cimet-lichi-na-bajka-od-dizni-05.jpg

jovica-od-skopje-go-poseti-bozhikjniot-market-vo-viena-sekade-mirisa-na-greeno-vino-i-cimet-lichi-na-bajka-od-dizni-13.jpg

Иако сум бил многупати во Виена, архитектурата на градот е она што секогаш најмногу ме освојува, од палатата Schönbrunn, преку замокот Belvedere, до катедралата Stephansdom.

A, градот е спој на минатото и модерното.

Токму затоа и препорачувам да ја посетите Виена во овој период, бидејќи комбинацијата од божиќниот дух, културно богатство и архитектонска убавина создаваат незаборавно искуство.

Без разлика дали ќе се прошетате на бројните божиќни маркети, дали ќе присуствувате на добропознатите класични виенски концерти или едноставно ќе талкате по преубаво декорираните улици, Виена во декември изгледа како сказна.

jovica-od-skopje-go-poseti-bozhikjniot-market-vo-viena-sekade-mirisa-na-greeno-vino-i-cimet-lichi-na-bajka-od-dizni-17.jpg

jovica-od-skopje-go-poseti-bozhikjniot-market-vo-viena-sekade-mirisa-na-greeno-vino-i-cimet-lichi-na-bajka-od-dizni-18_copy.jpg

Дали би ја посетил повторно? Апсолутно! Секогаш има нешто ново да се открие во Виена. Градот е еден од ретките кои оставаат печат кај туристот од многу причини.

Јас, како екстремен љубител на кафе, уживав во мирисот и вкусот на мојот омилен топол напиток, кој оди совршено со парче Захер торта или штрудла.

Градот ги исполнува очекувањата на секој хедонист, нудејќи им на посетителите волшебно искуство исполнето со многу забава, културни манифестации и зимска убавина.

Виена во декември нуди сè – празнична атмосфера, кулинарски задоволства, историски моменти и сето ова го прави градот волшебен“.

jovica-od-skopje-go-poseti-bozhikjniot-market-vo-viena-sekade-mirisa-na-greeno-vino-i-cimet-lichi-na-bajka-od-dizni-07.jpg

jovica-od-skopje-go-poseti-bozhikjniot-market-vo-viena-sekade-mirisa-na-greeno-vino-i-cimet-lichi-na-bajka-od-dizni-10.jpg

jovica-od-skopje-go-poseti-bozhikjniot-market-vo-viena-sekade-mirisa-na-greeno-vino-i-cimet-lichi-na-bajka-od-dizni-08.jpg

jovica-od-skopje-go-poseti-bozhikjniot-market-vo-viena-sekade-mirisa-na-greeno-vino-i-cimet-lichi-na-bajka-od-dizni-16.jpg

Реченица за авторски статии: ©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg