Британска новинарка воодушевена од Македонија: „Бев во една од најмалку посетените европски дестинации, останав без здив“

„Како земја без излез на море, Македонија нема крајбрежје со кое ќе ги привлече британските туристи кои се гладни за сонцето. Но, не ѝ треба море, кога е дом на прекрасното Охридско Езеро и неговите плажи“, вели Естер Маршал и ги охрабрува Британците што помасовно да ја посетуваат нашата земја.

britanska-novinarka-voodushevena-od-makedonija-bev-vo-edna-od-najmalku-posetenite-evropski-destinacii-ostanav-bez-zdiv-01.jpg

Британската новинарка Естер Маршал од 2021 година пишува патувачки репортажи за Express.co.uk. Таа во изминатите години посетила многу европски земји и споделила совети со читателите за секоја од нив.

Естер неодамна беше и во Македонија и од земјата си замина со многу убави впечатоци.

Таа вели дека Македонија ја оставила без здив, па порача дека не смее да биде потценета дестинација и ги охрабри читателите да ја посетат земјата и да уживаат во нејзините убавини.

Што пишува во нејзината репортажа?

„Посетив една од најмалку туристичките земји во Европа и таа дефинитивно заслужува повеќе внимание. 

Без разлика дали се чувствувате како „сардина“ во некое од најубавите европски села или ќе ве пречека хаосот пред Бакингемската палата, мора да признаете дека некои од врвните дестинации во Европа почнаа да стануваат пренатрупани.

Ова лето отидов во една од најнепосетуваните земји во Европа. Македонија прима околу 1,1 милиони туристи годишно, многу помалку од повеќето главни туристички дестинации на континентот.

Сепак, тоа е неверојатно убава земја и има исклучително добра вредност. Па, зошто тогаш има толку малку туристи?

britanska-novinarka-voodushevena-od-makedonija-bev-vo-edna-od-najmalku-posetenite-evropski-destinacii-ostanav-bez-zdiv-05.jpg

Како земја без излез на море, Македонија нема крајбрежје со кое ќе ги привлече британските туристи кои се гладни за сонцето. Но, не ѝ треба море, кога е дом на прекрасното Охридско Езеро и неговите плажи.

Совршено е и за пливање и за патувања со брод.

Стариот град на Охрид е шармантно место преполно со живописни цркви. А јас уживав во обилен оброк и вино покрај езерото за само 15 евра.

Топка сладолед во убавиот стар град ме чинеше помалку од 1 евро, додека капучиното во луксузно кафуле покрај езерото го платив помалку од 2 евра.

britanska-novinarka-voodushevena-od-makedonija-bev-vo-edna-od-najmalku-posetenite-evropski-destinacii-ostanav-bez-zdiv-04_copy.jpg

За среќа на Британците, неодамна почнаа да се нудат пакет аранжмани за посета на Охрид со чартер лет.

Можете да изберете седумдневен аранжман или да си го организирате патувањето сами.

Така, јас резервирав преку Airbnb сместување кое имаше неверојатен поглед од балконот, а чинеше малку повеќе од 20 евра за вечер.

britanska-novinarka-voodushevena-od-makedonija-bev-vo-edna-od-najmalku-posetenite-evropski-destinacii-ostanav-bez-zdiv-02.jpg

Го посетив и главниот град Скопје. Најголемиот град во земјата е малку чудно место.

Градот беше погоден од катастрофален земјотрес во 1960-тите години, кога околу 80 проценти од него беа уништени. Последниот проект за обнова на градот е малку контроверзен.

Првото нешто што ќе го забележите во Скопје се бројните џиновски статуи.

Во 2014 година, градот започна проект со кој изгради и постави повеќе од 100 статуи. Од воини до пиратски бродови и лавови, едвај има улица без споменик. Иако огромните статуи можеби не се по сечиј вкус, тие секако се нешто што мора да се види.

britanska-novinarka-voodushevena-od-makedonija-bev-vo-edna-od-najmalku-posetenite-evropski-destinacii-ostanav-bez-zdiv-03_copy.jpg

Не би ви препорачала да поминете повеќе од 2-3 дена во Скопје, но дефинитивно вреди да го посетите главниот град, ако ништо друго, тогаш само за да го истражите кањонот Матка кој се наоѓа во близина.

Кањонот кој го одзема здивот е една од врвните дестинации во Македонија за рекреативно пешачење, но, исто така, е прекрасно место за патување со брод или возење кајак.

Влезот во кањонот не се плаќа, а дотаму се стига за помалку од еден час од центарот на градот.

Јас бев на 30-минутно патување со брод околу кањонот кое ме чинеше околу 6 евра.

britanska-novinarka-voodushevena-od-makedonija-bev-vo-edna-od-najmalku-posetenite-evropski-destinacii-ostanav-bez-zdiv-06.jpg

Wizz Air лета директно за Скопје, а цените се достапни, па може да се најдат повратни билети за околу 80 евра.

Иако нема директна авионска линија до Охрид, езерото е на помалку од три часа возење од главниот град.

Охрид е лесно достапен и од Албанија“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg