9 предлози за одлична забава во Нови Сад за викенд – Кои настани да ги посетите во септември и октомври 2023?

Кога температурите ќе почнат да паѓаат, лисјата да пожолтуваат, а низ улиците на Нови Сад ќе шетаат луѓе облечени во долги ракави, наместо во летни фустани и кратки панталони, градот добива нов шарм. Дали сте го посетиле градот во есен, кога е во сосема поинакво светло?

9-predlozi-za-odlichna-zabava-vo-novi-sad-za-vikend-koi-nastani-da-gi-posetite-vo-septemvri-i-oktomvri-2023-01.jpg

За многумина фестивалот EXIT и староградската музика во комбинација со квалитетно вино и вкусна храна на отворено покрај Дунав се првите асоцијации за Нови Сад. Но, прекрасниот град во Панонската низина нуди многу забава и активности дури и на есен.

Па ако досега никогаш не сте го посетиле Нови Сад во текот на есента, одберете еден викенд во текот на септември или октомври. Модна недела, Тамбурашки фестивал, маратон, фестивал на лов и риболов – градот нуди за секого по нешто.

Кои интересни настани можете да ги посетите во Нови Сад во септември и октомври и да имате незаборавен викенд?

Овојпат имаме 9 предлози, за секој викенд во септември и октомври по еден. Ваше е да одберете што најмногу ќе ви го привлече вниманието и да се препуштите на уживањето.

9-predlozi-za-odlichna-zabava-vo-novi-sad-za-vikend-koi-nastani-da-gi-posetite-vo-septemvri-i-oktomvri-2023-03_copy.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Настани во септември:

02.09 - Новосадски карневал на бродови

Во веселата атмосфера со многу музика и забава, публиката ќе може да ужива во дефилето на бродовите кои ќе пловат од Дунав – од „Штранд“ до плажата Официрец и назад до пристаништето „Градско зеленило“, спроти Петроварадинската тврдина.

Освен катамарани, на кои ќе свират дувачки и тамбурашки оркестри, во карневалската поворка ќе има и раскошно украсени бродови и чамци на членовите на новосадските наутички клубови.

09-10.09 – „Вкусовите на Војводина“

Фестивалот „Вкусовите на Војводина“ на едно место ги собира малите производители на храна и пијалаци од цела Војводина, но и рестораните во кои се негува традиционалната кујна.

Овој фестивал го прави Нови Сад, но и цела Војводина одлична еногастрономска дестинација која ги привлекува љубителите на добрата храна и пијалаци.

9-predlozi-za-odlichna-zabava-vo-novi-sad-za-vikend-koi-nastani-da-gi-posetite-vo-septemvri-i-oktomvri-2023-08.jpgфото: Александар Милутиновиќ

14-17.09 – „Тамбурица фест“

Светскиот фестивал на тамбураши „Тамбурица фест“ има мисија да ја афирмира тамбурашката музика и да ги негува традицијата, соработката и пријателствата меѓу уметниците.

На овој фестивал, кој ќе се одржи третиот викенд во септември, настапуваат оркестри од Војводина и целиот свет. Вистински мевлем за уши.

9-predlozi-za-odlichna-zabava-vo-novi-sad-za-vikend-koi-nastani-da-gi-posetite-vo-septemvri-i-oktomvri-2023-05.jpgфото: Александар Милутиновиќ

27.09-01.10 – Меѓународен саем на лов и риболов

За страстните риболовци и љубители на ловот, во Нови Сад се одржува саем посветен на ловот и риболовот „LORIST“.

Оваа саемска манифестација е меѓу најзначајните во овој дел на Европа.

Ако сте риболовец или ловџија, ова е настан што не треба да го пропуштите.

9-predlozi-za-odlichna-zabava-vo-novi-sad-za-vikend-koi-nastani-da-gi-posetite-vo-septemvri-i-oktomvri-2023-06.jpgфото: Александар Милутиновиќ

08.10 – Новосадски маратон

Секоја година во главниот град на Војводина се одржува Новосадскиот маратон.

Патеката минува низ урбаниот дел на градот и по должината на Дунав.

Освен маратонот од 42km, има и трки во неколку категории: полумаратон (21km), трка на 10km и трка на 5km.

9-predlozi-za-odlichna-zabava-vo-novi-sad-za-vikend-koi-nastani-da-gi-posetite-vo-septemvri-i-oktomvri-2023-04.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg