9 предлози за одлична забава во Нови Сад за викенд – Кои настани да ги посетите во септември и октомври 2023?
13-17.10 – „Serbia Fashion Week“
Најголемата модна недела во Југоисточна Европа, а петта во Европа по бројот на посетители е Модната недела во Србија – „Serbia Fashion Week“.
На овој моден настан, кој се одржува двапати годишно, доаѓаат околу 30.000 посетители за да ги проследат ревиите на околу 70 модни креатори.
Модните настани се дополнети со многу музички настани, изложби, доделување награди и слично.
фото: Александар Милутиновиќ
14.10 - „Invictus Challenge Fruška Gora“
Прескокнување дрвени пречки, автомобилски гуми, трчање по падините на Фрушка Гора, пробивање низ кал, качување по јаже, пливање во езеро се само некои од предизвиците кои натпреварувачите мора да ги совладаат на патеката од 7 или 19km.
Па дури и да не сте спортски тип и не сте доволно подготвени да се натпреварувате, овој екстремен настан може да ви го привлече вниманието и да го посетите Нови Сад токму третиот викенд од октомври.
фото: Александар Милутиновиќ
21.10 – Есенски планинарски маратон на Фрушка Гора
Овој настан е замислен како спортско рекреативна манифестација, а акцентот е ставен на физичките активности кои подразбираат движење низ шумскиот, и на места див, појас на Фрушка Гора.
Организаторите избраа три патеки – Макси патека долга 25km, Хоби патека од 10km и Мини патека од 4km, наменета за деца. Забавно, нели?
фото: Драган Куруциќ
23-29.10 – „Taste of Planet “
„Taste of Planet“ е фестивал на националните кујни на различни земји, па секој ден една странска амбасада ги претставува јадењата кои се карактеристични за својата земја.
фото: Александар Милутиновиќ
Ако го посетите Нови Сад тој викенд (28-29 октомври) ќе искусите едно неповторливо доживување, за кое ќе им раскажувате уште долго на пријателите.
Информации за повеќе настани во септември и октомври, ќе најдете во календарот на Нови Сад.
фото: Александар Милутиновиќ
А. Ј. | Црнобело