Грешки со кои можете да си го расипете одморот во Италија, според Италијанка
Ги игнорирате правилата за селектирање отпад
За жал, во Македонија уште не постои култура на селектирање отпад. Но, ова не значи дека треба да ги игнорирате овие правила во другите земји.
Селектирањето на отпадот е задолжително во Италија и треба да го почитувате.
Истовремено, немојте да фрлате отпад каде било и не ја загадувајте околината. Ова важи за секоја дестинација, не само за Италија.
Купувате флаширана вода
Нема потреба да давате пари за флаширана вода – во италијанските градови има фонтани со вода погодна за пиење.
Само во Рим има 2.500 фонтани од кои водата за пиење е безбедна.
Федерика советува да си понесете шише и само да го полните.
Јадете во ресторани за брза храна
Зошто да јадете брза храна која можете да ја јадете и дома?
Федерика советува максимално да ја истражите италијанската кујна ако сакате целосно да уживате во одморот.
Локалните ресторани и уличните продавачи нудат безброј опции по пристапна цена, за разлика од познатите локали.
Ги уништувате историските споменици
Федерика нагласува дека само во 2023-та биле уништени бројни споменици во Италија од несовесни туристи.
За жал, ова е практика која трае со години наназад.
Немојте да се потпишувате на стари градби како Колосеумот, а ако најдете нешто на археолошко наоѓалиште, немојте да си го земате дома.
Со ова не само што покажувате непочитување, туку можете да си заработите и казна.
Ако сакате сувенир, секогаш можете да купите од локалните продавници.
Спирова С. | Црнобело