Најубавите плажи за летување со мали деца на Халкидики, во околината на Кавала и на Тасос
Ако не ви е толку важно водата да е многу плитка, а сакате плажи кои нудат интересни содржини и за децата и за возрасните, изберете ги плажите во Ханиоти и Пефкохори.
https://www.instagram.com/p/CEGb1REFWsu/
На третиот крак (Атос), плажи идеални за летување со мали деца се Xiropótamos и Kakoudia.
На островот Тасос, кој се наоѓа релативно блиску до Македонија и до кој се стигнува брзо со траект, можете да посетите најмалку 5 одлични плажи за со деца.
Меѓу оние што се препорачуваат за посета со мали деца се Pachis, Psili Ammos, Golden Beach, Potos и San Antonio Beach.
https://www.instagram.com/p/CvUk-hJrbTT/
Ако, пак, летувате во Кавала, изберете ја плажата Ammolofоi.
Кои плажи би ги препорачале вие? Какви се вашите искуства од летување со мали деца?
А. Ј. | Црнобело