Најубавите плажи за летување со мали деца на Халкидики, во околината на Кавала и на Тасос
Плажите на трите краци на Халкидики, но и малите плажички на островот Тасос и во близина на Кавала се идеални ако одите на летување во Грција со мали деца... Сте посетиле ли некоја од овие плажи? На нашата листа има 26 предлози...
Летувањето со мали деца е вистински предизвик – треба да изберете место каде што водата е доволно плитка за тие да може да се забавуваат, по можност да се песочни за да им е полесно да се движат, а ако има и природна сенка од дрвја (не само чадори за сонце), тоа е уште еден плус.
Секако, на плажата не треба да им е убаво само на децата, туку и вам.
Ова се едни од најубавите плажи во Грција, кои се погодни за мали деца, а на кои ќе уживате и вие:
Плажи кои се идеални ако летувате со деца на Ситонија (вториот крак на Халкидики) се Kalogria и Spathies, Lagonisi, Trani Ammouda, Agios Ioannis, Karidi, Orange beach.
Интересни плажи на Ситонија за летување со деца се и градската плажа во Сарти, Klimataria, Turkolimnionas, Pigadaki, Kalamitsi, плажата во Неос Мармарас.
https://www.instagram.com/p/CvfpQ6_IZYs/
На Касандра, првиот крак на Халкидики, плажи кои се најпогодни за летување со мали деца се оние во Калитеа, Скала Фурка и Сивири.