Ќе ве качиме во „кајчето на Лихнида“ и ќе ве одведеме до петте најубави локации во нашиот бисер Охрид

Рибарите ги прибираа мрежите. А езерото мирно, душа да си одмориш. И додека убавата Билјана го белеше своето платно, сончевите зраци тивко газеа по калдрмите на стариот Охрид. Зарем треба уште да го опишуваме местото каде природата ја истурила сета своја раскош?

kje-ve-kachime-vo-kajcheto-na-lihnida-i-kje-ve-odvedeme-do-pette-najubavi-lokacii-vo-nashiot-biser-ohrid01.jpg

Тука сме ние да ве качиме во кајчето на Лихнида и да ве одведеме до петте најубави локации во преубавиот Охрид, кои се вистинска атракција за многу туристи.

Неколку скриени ќошеви во Охрид - цут на фантазијата, надреалноста, природната уметност и божјата убавина:

Заум

Заум е место близу селото Трпејца кое е надвор од реалноста.

Големо крајбрежје на кое е сместена црквата Св. Богородица Заумска... Запаметено како најубавото место за кампување во минатото.

Јас го знам уште кога мојата баба ми раскажуваше како во младоста оделе таму да кампуваат.

Сараиште

Доколку сакате да се бањате на местото каде се бањала најпознатата охридска фамилија – Робевци, тогаш ова место е измислено само за вас.

Најпозната градска плажа сместена во стариот дел на Охрид. Плажа со историско значење бидејќи таа била местото каде се собирале најпознатите рибари од Охрид.

Лабино

Уште едно скришно место за одмор. Дива плажа карактеристична по тишината која изобилува таму.

Плажа сместена во прегратките на карпите. Големите сенки од дрвјата, чистата вода, како и бесценетиот поглед го прават местото посебно за уживање и релаксација.

Горно Коњско

Доколку сакате да го видите целото Охридско Езеро со еден поглед, тогаш селото Горно Коњско е најдоброто скриено ќоше за вас.

Ова место посебно го прават големиот број на вили каде можете да преноќите, како и рестораните со вкусната традиционална храна.

Самуилова тврдина

Ако сте љубители на историјата, тогаш Самуиловата тврдина е одлично место за да се присетите на кралското минато на Македонија.

Погледот кон езерото кое го одзема здивот и уникатната древна градба, ова место го прават да биде една од најомилените локации за фотосесија на туристите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg