„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое го видов е магично“

„Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од неверојатно широката песочна плажа и најмагичното селце кое го видов во близина, но многу долго време е плитко кога влегувате во вода, а има и комарци... Сепак, Неи Пори ми беше вистински избор за релаксиран одмор во јуни.“

bev-vo-nei-pori-ovoj-juni-2023-lezhalka-so-kafe-e-5-evra-moreto-e-ushte-studeno-no-selceto-koe-go-vidov-e-magichno-01.jpg

Доколку се двоумите за викенд во Грција овој јуни, а сакате да поминете со помалку средства, тогаш Неи Пори е добар избор, особено за оние со деца.

Јас на почетокот од јуни така се спасив од скопското променливо време и рутината.

bev-vo-nei-pori-ovoj-juni-2023-lezhalka-so-kafe-e-5-evra-moreto-e-ushte-studeno-no-selceto-koe-go-vidov-e-magichno-36.jpg

Плажата е огромна, широка, песочна, а лежалка со кафе ќе ве чини 5 евра.

bev-vo-nei-pori-ovoj-juni-2023-lezhalka-so-kafe-e-5-evra-moreto-e-ushte-studeno-no-selceto-koe-go-vidov-e-magichno-28.jpg

Морето е уште студено, но се бањаат многу луѓе, од најмлади до најстари.

bev-vo-nei-pori-ovoj-juni-2023-lezhalka-so-kafe-e-5-evra-moreto-e-ushte-studeno-no-selceto-koe-go-vidov-e-magichno-14.jpg

На почетокот од јуни само првите неколку редови лежалки беа полни и тоа во најголем дел со пензионери и родители со мали деца.

bev-vo-nei-pori-ovoj-juni-2023-lezhalka-so-kafe-e-5-evra-moreto-e-ushte-studeno-no-selceto-koe-go-vidov-e-magichno-18.jpg

bev-vo-nei-pori-ovoj-juni-2023-lezhalka-so-kafe-e-5-evra-moreto-e-ushte-studeno-no-selceto-koe-go-vidov-e-magichno-29.jpg

Температурата беше совршена за на плажа, пријатна со малку ветерче, па дури и одлична за сончање.

Гиро пита, комплет со цацики сос, ќе ве чини 4 евра, пица на плажа 10 евра, а пиво 5/6 евра.

bev-vo-nei-pori-ovoj-juni-2023-lezhalka-so-kafe-e-5-evra-moreto-e-ushte-studeno-no-selceto-koe-go-vidov-e-magichno-26.jpg

Сместувањето започнува од 25 евра од соба во вила, па нагоре. Поексклузивните вили се околу 80 евра за ноќевање за двајца.

За 3 евра можете да си направите панорамски разглед на Платамона со отворено вовче, а ако одлучите да се симнете таму, тогаш ќе ве чини уште 3 евра за враќање назад.

bev-vo-nei-pori-ovoj-juni-2023-lezhalka-so-kafe-e-5-evra-moreto-e-ushte-studeno-no-selceto-koe-go-vidov-e-magichno-20.jpg

bev-vo-nei-pori-ovoj-juni-2023-lezhalka-so-kafe-e-5-evra-moreto-e-ushte-studeno-no-selceto-koe-go-vidov-e-magichno-21.jpg

Доколку имате автомобил на располагање тогаш посетете го византискиот замок во Платамона, од каде има одличен поглед кон целиот олимписки регион. Карта чини 3 евра и нема воопшто турканици.

Пред замокот има каде да паркирате.

bev-vo-nei-pori-ovoj-juni-2023-lezhalka-so-kafe-e-5-evra-moreto-e-ushte-studeno-no-selceto-koe-go-vidov-e-magichno-02_1.jpg

bev-vo-nei-pori-ovoj-juni-2023-lezhalka-so-kafe-e-5-evra-moreto-e-ushte-studeno-no-selceto-koe-go-vidov-e-magichno-04_1.jpg

bev-vo-nei-pori-ovoj-juni-2023-lezhalka-so-kafe-e-5-evra-moreto-e-ushte-studeno-no-selceto-koe-go-vidov-e-magichno-111.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg