„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое го видов е магично“
Исто така можете да појдете еден ден и до Лептокарија, каде плажата има камчиња, но местото е поживо, поголемо и има повеќе продавнички.
Потоа можете да појдете до Литохоро, во подножјето на Олимп, каде ќе се разладите покрај реката Енипеас, во зеленило. Оттука оние кои се за пешачење за 40 минути може да стигнат и до водопадите.
Јас овојпат не ги посетив.
Мене омилено место од целото патување ми беше селцето „Palaios Panteleimonas“, кое се наоѓа на Олимп на 500 метри мнв. Традиционално е, со улички од калдрма, спектакуларен поглед и таверни и кафулиња украсени со цвеќе.
Има каде да паркирате пред селото, а потоа во него пешачите. Има и сместување во традиционални куќи, кои се вистинско доживување.
Неи Пори е одличен избор доколку сте за пензионерски одмор по пристапни цени, но сепак треба да знаете дека малку непријатно ќе бидете изненадени од комарците, плус страсните пливачи ќе мора да „пешачат“ долго во Егејското Море додека да дојдат до длабоко.
За деца е совршено затоа што долго време длабочината на водата е само до колена.
Исто така има шеталиште од околу 1.5km каде ќе можете секоја вечер да уживате во прошетките покрај море и во некој од многубројните локали.