Хрватка сподели видео од редок феномен - Се бања во вода која гори во Јамајка

„Изворот случајно го открила прабабата на денешниот сопственик додека палела нешто во близина и пламенот случајно завршил во водата, но не се изгаснал, туку продолжил да гори“ – хрватската блогерка Вана Бојовиќ сподели видео од минералниот извор на Јамајка во кој водата гори како гас.

se-banja-vo-voda-koja-gori-kako-gas-devojka-od-hrvatska-spodeli-video-od-redok-priroden-fenomen-na-jamajka-01.jpg

Хрватската блогерка Вана Бојовиќ често споделува видеа од нејзините патувања во светот, а деновиве сподели фотографии и видеа од нејзината посета на Јамајка.

Девојката која досега посетила над 80 држави, објави видео во кое се бања во вода која буквално гори и можете да ја запалите со запалка.

se-banja-vo-voda-koja-gori-kako-gas-devojka-od-hrvatska-spodeli-video-od-redok-priroden-fenomen-na-jamajka-02.jpg

Обично секојпат кога има некаде оган, истураме вода за да се запали, но во овој редок природен извор на Јамајка водата буквално гори. Можете да ја запалите со запалка и огнот ќе се прошири.

Хрватската блогерка и инфлуенсерка вели имала можност да го посети природниот минерален извор Firewater (Огнена вода) кој е единствен во светот затоа што водата во него не го гасне огнот, туку се пали и гори.

se-banja-vo-voda-koja-gori-kako-gas-devojka-od-hrvatska-spodeli-video-od-redok-priroden-fenomen-na-jamajka-04.jpg

Како што појаснува Вана, станува збор за природен феномен што се наоѓа на помалку од еден час возење од туристичкиот центар Очо Риос на Јамајка, а за него туристите речиси и да не знаат.

„Изворот случајно го открила прабабата на денешниот сопственик додека палела нешто во близина и пламенот случајно завршил во водата, но не се изгаснал, туку продолжил да гори.

Оттогаш научниците од целиот свет доаѓаат да видат за што се работи и да проверат дали во водата има некакви гасови, но ништо не е пронајдено“ – вели таа.

Сепак, се претпоставува дека водата гори поради високото количество сулфур во неа.

se-banja-vo-voda-koja-gori-kako-gas-devojka-od-hrvatska-spodeli-video-od-redok-priroden-fenomen-na-jamajka-05.jpg

Како што појаснува хрватската инфлуенсерка, изворот се наоѓа во дворот на еден локален жител кој наплаќа по 20 долари од секој што ќе дојде кај него, но прво се обидува да ви земе и 40 долари.

Овој минерален извор е доста популарен меѓу локалното население, па голем број луѓе доаѓаат да се излечат бидејќи веруваат дека водата е лековита.

se-banja-vo-voda-koja-gori-kako-gas-devojka-od-hrvatska-spodeli-video-od-redok-priroden-fenomen-na-jamajka-03.jpg

Пред да влезете во водата, можете сами да ја запалите водата со запалка, а потоа да уживате во искуството.

Погледнете повеќе фотографии од Вана во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg