Совети за девојки со облини

soveti-za-devojki-so-oblini-povekjeЖенските облини секогаш биле на цена во главите на мажите. Вкусовите се разликуваат и низ годините разни типови жени се сметале за секс симбол.

 

Ако имате облини ова се 5 совети кои ќе ви помогнат да заблескате:

1. Пронајдете добра шивачка. Не мора да биде скапа, но мора да го познава добро вашето тело за да ги прилагоди моделите кои ги купувате.

Дури и кратењето на фустанот за само неколку сантиметри може да направи чуда, а да не зборуваме за струкирање на капут или сако.

2. Нагласете го струкот. Каишите може да го стеснат преширокиот фустан на клучниот дел или да стават нагласок на едноставна комбинација од маица и сукња. Пронајдете широки ремени, кои може да бидат дизајнерски, од мајка ви, баба ви од некоја бижутерија...

soveti-za-devojki-so-oblini

3. Избегнувајте широко. Да, широките туники се удобни, но во нив изгледате како да сте облекле навлака за перница или како да сте трудни.

Облеката мора лесно да паѓа на вашите облини, но, да не ги стиска или додава волумен онаму каде не е потребен.

4. Носете специјализиран долен веш. И само добар градник може да направи чуда, а што можат корсетите, хулахопки со пуш-ап ефект... инвестирајте во такви модели и ќе ви се исплати.

5. Сакајте го она што го имате. Веројатно нема никогаш во потполност да бидете задоволни со она што го имате, но кај поголем број жени е така.

Оние со права коса сакаат виткана и обратно, оние со мал задник сакаат голем и обратно... Радувајте се на она што го имате и престанете да се замарате со небитни работи во животот како што се мали или големи гради!

Би можело да ве интересира:

16 ѕвезди на кои дизајнерските фустани им стојат подобро отколку на манекенките Кога Шерон Стоун ќе облече дизајнерски фустан, тој на неа (најчесто) изгледа мно...
Впечатливи фустани, светки и уникатни шешири - Модата на изборот за Маж на годината 2023 Црни класични фустани, облека со светки, но и шешири во интересни форми избраа г...
Моден водич за мажи: Лекции од Микеле Мороне за да изгледате како италијански заводник Костум со класичен крој, фармерки кои ја следат линијата на телото. Модниот стил...
Модата „се враќа“ – Аутфити инспирирани од раните 2000-ти (фото) Минијатурни маички со принтови, впечатливи очила во дречливи бои, панталони со м...
8 начини за визуелно да го скриете стомакот (и да се чувствувате посамоуверено) Кажете им „не“ на тесните фармерки, а прифатете го облекувањето во слоеви... Как...
Српски пејач настапи во раскошен фустан од нашиот Златко Јовановски на изборот за Евросонг „Екставагантноста на Филари е иста како мојата, а јас сакам да работам со л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg