8 модни правила со кои жителките на Лондон блескаат и на лошо време
Жените во Лондон сакаат рацете да им се слободни, па затоа носат чанти кои се носат преку градите или ранци, наместо класични чанти кои се носат на рамо или во рака. Овие кул аксесоари му даваат свежина на целиот изглед.
Лондон е еден од модните престолнини на светот и дом на многу познати дизајнери. И, тоа е причина што повеќето жени во градот имаат беспрекорен стил.
Тие применуваат неколку модни трикови со кои блескаат дури и на лошо време.
Кои се осумте модни правила на жителките на Лондон?
Сиви капути
Во текот на есента, но и во зима, едно од најважните парчиња облека за жените од Лондон е капутот.
Оние кои внимаваат на стилот, најчесто избираат модели во сива боја (сеедно дали е светла или темна нијанса), а потоа ги комбинираат со впечатливи чевли или чизми.
Преферираат темни фармерки
Иако повеќето тинејџерки уживаат да носат светли фармерки, во гардероберот на повозрасните жени доминираат потемни модели.
Дури и британските стилисти често истакнуваат дека поради тмурното време во градот, темните нијанси се посоодветни.
Карирани мини здолништа
Лондончанките обожаваат мини здолништа, и тоа карирани.
Всушност, првите мини здолништа се измислени во Лондон во 1960-тите години, а станале светски популарни благодарение на британската дизајнерка Мери Квант.
Чанта преку градите наместо преку рамо
Жените во Лондон сакаат рацете да им се слободни, па затоа носат ранци, наместо класични чанти.
Или се решаваат за тренди опција – чанти кои се носат преку рамо и стојат под градите.
Овие кул аксесоари му даваат свежина на целиот изглед.