8 модни додатоци кои Французинките ги носат поинаку од другите жени

Иако повеќето стилисти ќе ви кажат дека златото не оди со сребро, Французинките ги носат заедно, без размислување и покажуваат дека двата благородни метали одлично се комбинираат.

8-aksesoari-koi-francuzinkite-gi-nosat-poinaku-od-drugite-zheni-01.jpg

Французинките се синоним за мода и стил.

Па, кога не знаете како да се облечете, што да комбинирате или какви модни додатоци да користите, инспирацијата можете да ја најдете токму кај нив.

Доволно е да погледнете неколку Инстаграм профили на Французинки или статии за мода, за да сфатите дека тие дури и аксесоарите ги носат поинаку од другите жени во светот.

Ова се 8 начини на кои тие ги носат (и комбинираат) аксесоарите - некоја од овие идеи сигурно ќе ја „украдете“ и вие:

Не обожаваат микро чанти

Французинките често носат чанти преку рамо, но не микро модели, за кои сметаат дека се застарени, туку поголеми чанти во кои ќе можат да стават и други работи, а не само мобилен телефон и пари.

8-aksesoari-koi-francuzinkite-gi-nosat-poinaku-od-drugite-zheni-02.jpg

Ги украсуваат чантите

Овие жени сакаат да ги украсуваат чантите со панделки или приврзоци за тие да делуваат уникатно и шик.

8-aksesoari-koi-francuzinkite-gi-nosat-poinaku-od-drugite-zheni-07.jpg

Носат плетени торби кога пазарат

Наместо ќеси или платнени торби, Французинките избираат плетени торби од конец кога одат во продавница - за нив ова не е само торба, туку и моден додаток кој „стои“ подобро на облеката од хартиена или пластична ќеса.

8-aksesoari-koi-francuzinkite-gi-nosat-poinaku-od-drugite-zheni-04.jpg

Комбинираат злато и сребро

Иако повеќето стилисти ќе ви кажат дека златото не оди со сребро, Французинките ги носат заедно, без размислување и покажуваат дека двата благородни метали одлично се комбинираат.

8-aksesoari-koi-francuzinkite-gi-nosat-poinaku-od-drugite-zheni-06.jpg

Носат очила за сонце и на дожд и на снег

Не само што ги штитат очите, темните очила се совршен аксесоар за секоја гардероба, па затоа Французинките ги носат во текот на целата година, дури и кога надвор врне или паѓа снег.

8-aksesoari-koi-francuzinkite-gi-nosat-poinaku-od-drugite-zheni-03.jpg

Чорапите ги сметаат за кул аксесоар

За Французинките чорапите освен што имаат функционална примена, тие се и кул аксесоар - знаат да комбинираат чевли со проѕирни најлонски хулахопки и да облечат чорапи за да изгледаат поинаку од сите останати.

8-aksesoari-koi-francuzinkite-gi-nosat-poinaku-od-drugite-zheni-05.jpg

Метални ремени

Кожените ремени им се здодевни, па затоа изгледот на гардеробата го „заокружуваат“ со метални ремени.

fd25f851c8bec5414226839f00.jpg.fw.png

Обожаваат портокалови модни додатоци

Французинките ја освежуваат гардеробата со портокалови модни додатоци - тоа може да е чанта, шамија околу врат, беретка, накит.

8-aksesoari-koi-francuzinkite-gi-nosat-poinaku-od-drugite-zheni-01_1.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Папучите UGG се хит кај македонските инфлуенсерки: Новиот тренд ги подели мислењата (фото) Нашите инфлуенсерки Александра Шијакоска и Маја Кикириткова објавија модни комби...
Мартија Станојковиќ најсмело, Барбара Поповиќ - тантела: Како познатите Македонки ја носат црната бо... Од елегантните изданија на Тамара Тодевска со длабоко деколте до мини фустанчиња...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
6-те омилени плетени парчиња на Французинките и Скандинавките за оваа зима Плетени комплети, ѕвонести ракави – што е хит кај Французинките и Скандинавките ...
Весели модни комбинации за крајот на зимата (фото) Светли тонови, впечатливи нијанси, комбинација на бои за кои мислите дека не мож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg