6-те омилени плетени парчиња на Французинките и Скандинавките за оваа зима
Плетени комплети, ѕвонести ракави – што е хит кај Французинките и Скандинавките оваа сезона?
Французинките се синоним за добар моден стил, додека стилот на скандинавките е познат по удобноста и практичноста, особено за постудените денови.
Па, нивните омилени зимски парчиња можеби ќе ве инспирираат за оваа зима:
Џемпери со ѕвонести ракави
Еден од најпопуларните трендови кај скандинавките се џемперите со ѕвонести ракави.
Удобни се, а поради дизајнот на ракавите, овие модели изгледаат мошне елегантно.
Џемпери во боја на чоколадо
Кафените нијанси секогаш се популарни во зима, но оваа сезона чоколадните нијанси се меѓу омилените.
Еднобојните џемпери со боја на чоколадо се практично универзални, бидејќи можете да ги комбинирате со сите други нијанси.
Џемпери со дезен fair isle
Овој дезен, кој потекнува од Шкотска, е еден од омилените на скандинавките.
Делува топло и удобно, а одлично се вклопува во лежерните комбинации.
Истовремено, може да ги освежи монотоните аутфити со многу малку труд.
Плетени комплети
Кај Французинките, оваа сезона најголем хит се плетените комплети.
Изгледаат навистина добро, ќе ве стоплат, а не треба да трошите многу време во комбинирање – треба да одберете само соодветни чевли и накит.
Класичен кардиган
Класичниот кардиган е фаворит на Французинките со години наназад.
Добро се вкопува и во полежерни деловни комбинации.
Џемпер со патент на јаката
Овие модели беа хит во 90-тите, а сега повторно се прославуваат.
Одлични се за лежерни аутфити бидејќи ми даваат свежина, а и лесно се комбинираат.
Спирова С. | Црнобело