Јелена Карлеуша ја отпеа „Бисер балкански“ со македонско знаме на концертот во Скопје (видео)
- Детали
- недела, 20 октомври 2024
„За најпрекрасните браќа Македонци“ – кажа Карлеуша и со знаме во рака ја отпеа „Бисер балкански“ заедно со публиката. На концерот во Скопје таа направи уникатно шоу и промени повеќе аутфити, светкави, секси и разголени, во нејзин стил.
На 19.10.2024 во Арената „Јане Сандански“, Јелена Карлеуша одржа концерт со кој ја започна својата турнеја „Алфа и Омега“.
Предгрупа на концертот беа ДНК, кои освен своите најголеми хитови, испеаја и песна од нашиот Тоше Проески.
Српската ѕвезда концертот, како што најави, на концертот во Скопје ја отпеа македонската песна „Бисер балкански“.
„За најпрекрасните браќа Македонци, ова го подготвив само за вас“ – рече таа, зема македонско знаме во рака и запеа заедно со публиката во цел глас.
Кликнете на објавата за да го видите видеото:
Обожавателите на Карлеуша беа воодушевени од нејзиното шоу кое го приреди на сцената, кое е уникатно и ретко која балканска ѕвезда може да го повтори.
Кликнете на објавата за да го видите видеото:
Очекувано, таа промени повеќе секси и разголени аутфити, имаше кореографии како светските ѕвезди и ја поткрена атмосферата во салата.
Кликнете на објавата за да го видите видеото:
Погледнете неколку видеа од концертот на Јелена Карлеуша во Скопје (кликнете на секоја објава за да го пуштите видеото):
М. М. | Црнобело