Македонка во популарните чевли со одвоен палец, кои станаа хит меѓу модните блогерки
Чевлите со одвоен палец се инспирирани од јапонските таби чорапи, па се наречуваат таби чевли. Македонска модна блогерка го следи светскиот тренд и носи вакви чевли, па откри како е чекорењето во обувки кои имаат посебен оддел за палецот на врвот.
Иако на прв поглед изгледаат несекојдневно, чевлите со одвоен палец или попознати како „таби чевли“ стануваат сѐ попопуларни меѓу славните.
Дуа Липа и Кендал Џенер се меѓу попознатите светски ѕвезди што се прошетаа во вакви чевли, а сега своето искуство на Инстаграм го сподели и модната инфлуенсерка Стефани Христов.
„За сите што ме прашаа дали се удобни, одговорот е ДА, многу!“ – напиша таа на Инстаграм Стори каде се гледа дека носи балетанки со одвоен палец.
Имено, таби чевлите станаа хит, благодарение на модната куќа Maison Margiela, која во својата колекција претстави балетанки, чизми и спортски чевли инспирирани од јапонските таби чорапи кои имаат одвоен палец.
Ваквите чорапи во Јапонија се наменети за носење со нивните препознатливи јапонски апостолки.
Цените на ваквите чевли на познатите брендови се движат од околу 800 евра, па нагоре. Се разбира, постојат и поевтини варијанти.
Погледнете неколку интересни модели на таби чевли во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело