Кои српски пејачки ги обожаваат креациите на нашиот Златко Јовановски?

Златко Јовановски, кој за себе вели дека е „кралот на светкавото“, е омилен меѓу дамите на српската естрада кои бараат да им креира за посебни пригоди - фотографирање за насловни страници, снимање спотови, за концерти... Кои пејачки носеа негови дизајни?

koi-srpski-pejachki-gi-obozhavaat-kreaciite-na-nashiot-zlatko-jovanovski-01.jpg

Македонскиот дизајнер Златко Јовановски, во јавноста познат и како ЈЗЈ, долги години е дел од домашната модна сцена. Препознатлив по впечатливите креации со многу рачно навезени детали, монистра, светкави камчиња и тантела, Златко успеа да ги привлече на само регионалните, туку и светските ѕвезди кои носат фустани и корсети со неговиот потпис.

Златко е особено омилен меѓу дамите на српската естрада, кои бараат да им креира за посебни пригоди - фотографирање насловни страници, снимање спотови, за концерти...

koi-srpski-pejachki-gi-obozhavaat-kreaciite-na-nashiot-zlatko-jovanovski-02.jpg

Меѓу оние кои го обожаваат е Јелена Карлеуша, која носеше два негови корсета за празничното издание на магазинот „Hello“ во декември 2021. Таа во 2022 носеше негова креација и за прославата на својот роденден.

Костум од Јовановски носеше и Цеца на еден од своите концерти, исто како и Драгана Мирковиќ, која на концерт носеше фустан креиран од Златко.

Вики Миљковиќ беше облечена во креација од ЈЗЈ во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ во 2022, Теа Таировиќ во еден од своите спотови, но и пејачката Марија Микиќ облече фустан од Златко за својот спот за песната „Прозор“.

koi-srpski-pejachki-gi-obozhavaat-kreaciite-na-nashiot-zlatko-jovanovski-09.jpg

Меѓу оние кои ги облече се и Ивана Николиќ и Сања Вучиќ, поранешни членки на групата „Hurricane“.

Сепак, најмногу креации од Златко носи пејачката Николија.

За CRNOBELO.com, Златко откри интересни детали за соработката со нив:

„На мое огромно задоволство, најголемите српски ѕвезди носеле мои креации.

Сите тие соработки имаат посебно значење за мене бидејќи тие сценски костими ги работам со најмногу љубов и задоволство.

Тоа е нешто во што јас како дизајнер најмногу уживам.

Сите креации се со мој препознатлив печат, но кон секоја ѕвезда пристапот е различен, бидејќи тоа се личности коишто имаат свој стил и печат, па јас мора да се вклопам во тоа.

Мора да признаам дека комплетно ми верувале сите, затоа, нели, и ме одбрале мене како дизајнер.

Искрено, имам повеќе потешкотии и притисок во ателје со ‘регулар клиенти’ (ако можам така да се изразам) отколку со ѕвездите, кои често не ни доаѓаат на ‘фитинг’.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Машката мода на Мет гала 2024: Од впечатливи фустани и уникатни креации до класични костуми (фото) Формула 1 возачот, Луис Хамилтон облече плашт над костумот, евровизискиот победн...
Холивудските ѕвезди во креации на нашиот Тони Матичевски (фото) Креации од нашиот Тони Матичевски низ годините носеа Ева Лонгорија, Кетрин Зита-...
Ревијата на Ивана Кнез беше вистинско уживање: Доминираа секси и храбри креации (фото) Модната дизајнерка Ивана Кнез на Скопскиот Моден Фестивал вчера (03.04.2024) го ...
5 модни совети од Роберто Кавали за мажи и жени + најпознатите цитати од него Славниот италијански дизајнер, Роберто Кавали, кој го воведе животинскиот принт ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg