7 трикови со кои ќе создадете илузија на подолги нозе
Салонки со шпиц наместо со отворени прсти, чевли на платформа - како со чевлите да создадете илузија дека имате долги нозе?
Не постои жена која не зрачи со самодоверба кога носи чевли во кои ѝ е удобно, а истовремено тие се толку добро и внимателно избрани, што ѝ ја издолжуваат ногата визуелно.
Без оглед на должината на вашите нозе, вистинскиот избор на чевли може да направи тие да изгледаат подолго отколку што се во реалноста.
Па, какви чевли да изберете, а што да избегнувате?
Шпиц наместо заоблен врв
Кога купувате салонки, подобро е да изберете модел со шпиц, отколку со заоблен врв, бидејќи шпицестиот врв „додава“ уште некој сантиметар на нозете, особено кога ќе седнете и ќе ги прекрстите.
Затворени салонки наместо модели со отворени прсти
И во овој случај шпицестиот врв на салонките визуелно додава по неколку сантиметри на нозете, а моделите со отворени прсти ги „скусуваат“.
Чевли на платформа
Овие чевли, освен што се удобни за носење, секогаш ќе ве „извишат“ за неколку сантиметри, бидејќи не ја поткреваат само петицата, туку и целото тело.
Чевли во иста воја со вашата кожа
Кога носите чевли во беж нијанса, кои се многу слични со бојата на кожата на вашето тело, тоа веднаш создава илузија на подолги нозе.
Темни хулахопки на чизми со врвки
Ако носите чизми со врвки и ги комбинирате со кратко здолниште, внимавајте при изборот на хулахопки - според стилистите нозете ќе ви изгледаат подолги (и послаби) ако изберете темни, а не светли хулахопки.
Апостолки со тенки ремчиња
Нозете секогаш ќе изгледаат подолги ако при изборот на апостолки се решите за модел со тенки ремчиња, кои откриваат поголем дел од стапалото.
Монохроматски изглед
Вашите нозе ќе изгледаат повисоки ако комбинирате иста боја на облека со чевли.
А. Ј. | Црнобело