Не носи штикли во кои не умееш да одиш: 10 модни заповеди од кралиците на стилот

Тие се модно освестени дами. Тие се најдобро облечени жени во светот. Тие се едноставно Французинки.

ne-nosi-shtikli-vo-koi-ne-umeesh-da-odish-10-modni-zapovedi-od-kralicite-na-stilot-1.png

Кога се модата и убавината во прашање, француските дами ни се непресушна инспирација. Неодамна ви ги откривме тајните за совршена коса кои ги знаат само Французинките, а пишувавме и за нивните мали тајни за парфемите.

Ве запознавме со петте трикови за убавина кои лесно може да ги ископирате од Французинките, како и петте навики поради кои не се дебелеат. Нив неретко ги прогласуваат и за најдобро облечени жени во светот.

ne-nosi-shtikli-vo-koi-ne-umeesh-da-odish-10-modni-zapovedi-od-kralicite-na-stilot-2.png

Се придржуваат до низа златни правила, благодарение на кои ја имаат стекнато ласкавата титула. А, постојат одредени парчиња кои тие не ги носат по ниту една цена.

Ова се десетте модни заповеди од кралиците на стилот:

1. Не се кити како новогодишна елка.

Французинките ги почитуваат правилата за носење модни додатоци. Доколку одбрале поедноставни парчиња облека, дамите си даваат слобода при изборот на аксесоарите. Меѓутоа, ако носат гардероба што самата по себе е мошне впечатлива, тогаш не претеруваат со дополнително „китење“.

ne-nosi-shtikli-vo-koi-ne-umeesh-da-odish-10-modni-zapovedi-od-kralicite-na-stilot-3.png

2. Направи место за пругаста блуза во гардероберот.

Во моментите кога не знаете што да облечете, обичната блуза со пруги ќе ве спаси. Французинките го обожаваат ова модно парче, бидејќи е сестрано и за секунда ја оживува секоја комбинација.

Може да се носи со фармерки, класични панталони, мини или плисирано миди здолниште. Ако е постудено, нагрнете се со кожена јакна, сако, кардиган или мантил. Што и да ви падне на памет - невозможно е да погрешите.

ne-nosi-shtikli-vo-koi-ne-umeesh-da-odish-10-modni-zapovedi-od-kralicite-na-stilot-4.png

3. Не носи штикли во кои не умееш да одиш.

Французинките никогаш нема да ги видите како неуспешно ѝ пркосат на гравитацијата, кривејќи во чевли со вртоглаво високо потпетици. Тие во секој миг сакаат да се чувствуваат слободно и непречено да чекорат по улиците.

Штиклите во кои не знаат, или, пак, не можат да одат, не им се вклопуваат во таквата филозофија.

ne-nosi-shtikli-vo-koi-ne-umeesh-da-odish-10-modni-zapovedi-od-kralicite-na-stilot-5.png

4. Позајми облека од машкиот плакар.

Ако ви се допаѓаат строгите машки кроеви, не сте единствени. Французинките ги занемаруваат шаблоните и не се оптоваруваат со тоа што е машка или женска гардероба.

Затоа и често ги гледаме во женски парчиња инспирирани од машката мода, или, пак, во типична машка облека. Белата кошула на партнерот, на вас ќе делува како тренди предимензионирано парче, а во комбинација со омилените фармерки и салонки, може да биде полн погодок за дневно или вечерно излегување.

ne-nosi-shtikli-vo-koi-ne-umeesh-da-odish-10-modni-zapovedi-od-kralicite-na-stilot-6.png

5. Биди секси – не вулгарна.

Нема ништо лошо во изразување на еротската страна, како ни нагласување на сопствената сензуалност преку облеката. Меѓутоа, важно е да имате мера при изборот на секси парчиња.

Не мора да се плашите од проѕирната облека, ама комбинирајте ја внимателно. Транспарентниот чипкан топ ќе изгледа прекрасно во комбинација со строго одело и фармерки.

Во ваков случај, помалку е повеќе, па подобар ефект ќе постигнете со покажување делче од кожата, одошто со целосно разголување.

ne-nosi-shtikli-vo-koi-ne-umeesh-da-odish-10-modni-zapovedi-od-kralicite-na-stilot-7.png

6. Не штеди пари на јакни, мантили и капути.

За одредена облека вреди да потрошите некој денар, или, пак, евро повеќе. Французинките не штедат пари на јакни, мантили и капути. Овие безвременски парчиња не се гардероба што после неколку месеци ќе ја складирате во плакарот и ќе заборавите на неа. Напротив.

Ќе ја носите од сезона во сезона, па затоа и при купувањето се исплати да инвестирате во малку поскапа варијанта, која ќе ви трае со години.

ne-nosi-shtikli-vo-koi-ne-umeesh-da-odish-10-modni-zapovedi-od-kralicite-na-stilot-8.png

7. Суптилно нагласи го струкот.

Комбинациите на француските дами се одликуваат со лежерна женственост. Ја постигнуваат со мали и едноставни модни трикови, а еден од најчестите е нагласувањето на половината.

Тие сигурно нема фигурата да ја истакнат со претесни парчиња кои максимално им ги оцртуваат облините. Затоа, пак, широката туника, фустан или блејзер ќе ги стегнат суптилно со каиш.

ne-nosi-shtikli-vo-koi-ne-umeesh-da-odish-10-modni-zapovedi-od-kralicite-na-stilot-9.png

8. Не биди робинка на трендовите.

Класиката е секогаш „ин“. Наместо здолниште што моментално е хит во сите продавници, или, пак, доминира на градските улици, Французинките попрво ќе одберат некое добро, старо и проверено парче кое со години го носат.

Тие не им робуваат на актуелните трендови, туку ja обожаваат и квалитетнaта винтиџ гардероба, стара по неколку децении. Следењето на модата не е грешка. Сепак, немојте комплетно да ѝ отстапите место во својот орман.

ne-nosi-shtikli-vo-koi-ne-umeesh-da-odish-10-modni-zapovedi-od-kralicite-na-stilot-10.png

9. Не плаши се од рамните чевли.

Мнозинството жени мислат дека само во штикли може да изгледаат елегантно и шик. Но, истиот ефект ќе го постигнете и со обувки без висока потпетица.

Французинките се најдобар пример дека нема причина за страв од рамните чевли. Дајте им прилика на мокасините, балетанките и оксфордките, без разлика дали носите панталони, здолниште или фустан.

ne-nosi-shtikli-vo-koi-ne-umeesh-da-odish-10-modni-zapovedi-od-kralicite-na-stilot-11.png

10. Најди ја својата препознатлива комбинација.

Нe мора постојано да бидете во потрага по нови и досега невидени модни изданија. Пронајдете една добитна формула што вам одлично ви прилега и во која најдобро се чувствувате, па враќајте ѝ се често.

Учете од примерот на Emanuelle Alt, уредничката на француското издание на магазинот Vogue, која редовно и во разни пригоди носи комбинација од фармерки, обична маичка и кратко палто.

ne-nosi-shtikli-vo-koi-ne-umeesh-da-odish-10-modni-zapovedi-od-kralicite-na-stilot-12.png

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg