Мали тајни за парфемите: 5 правила кои Французинките никогаш не ги кршат
Покрај љубовта кон модата, кралиците на стилот се познати и по големата наклонетост кон убавите и квалитетни мириси.
Љубовта помеѓу Французинките и парфемите е нераскинлива. Тоа може да го потврди и Инес де ла Фресанж (60), легендарната француска манекенка и икона на стилот.
За престижниот магазин Vogue, таа откри дека парфем става секој ден. „Дури и кога сум сама дома.“, признава дамата.
Во продолжение, прочитајте ги нејзините пет правила за носење парфем, до кои Французинките секогаш се придржуваат:
1. Пронајдете еден парфем и бидете му верни.
„Французинките им се верни на своите парфеми. Со години носат еден ист мирис и не го менуваат, без оглед на тоа дали е утро или вечер, зима или лето.
За разлика од нив, Американките сакаат да имаат повеќе парфеми. Ги ценат новите мириси и купуваат козметика што ќе ја откријат во магазините, или, пак, од стоковните куќи, каде убедливте продавачи ги опсипуваат со понуди. Такво нешто не постои во Франција до толкава мера.
Не ме прашувајте за новите парфеми. Воглавно ги мразам. Мислам дека се премногу агресивни, со премногу ирис, цитрон и што ли уште не!?“
2. Допуштете му на парфемот да еволуира со вас.
„Кога бев помала, почнав да користам еден мирис на база на пачули, во стилот на седумдесеттите, сѐ дури мојот вознемирен дедо не ми кажа дека една млада девојка не би требало да носи таков тежок парфем.
Подоцна, пријателката од училиште носеше Chanel No. 19, а јас толку му се восхитував на нејзиниот зрел стил, што ја копирав. Потоа користев Chanel Cuir de Russie, додека сопругот не го украде од мене!
Сега веќе долго време го носам Mitsouko од Guerlain. Честопати од таксистите добивам комплимент на сметка на парфемот, а моите деца би ме мразеле и кога само би помислила на тоа да го заменам со друг!“
3. Не ставајте премногу парфем.
„Парфемот мора да биде дискретен - како мала тајна. Јас ставам малку капки мирис на вратот, на зглобовите и на шалот. Тоа го научив од својата баба.
Толку многу ги сакаше парфемите, што кога ја посетив во болница во една прилика, на масичката покрај себе имаше само шишиња со мириси, а ниту еден лек. Тоа беше сладок начин за примање на посетителите.
Особено ги сакам мошусните парферми, а ги мразам оние што мирисаат на храна, со нота на ванила и чоколада, или, пак, тие кои потсетуваат на нешто специфично. Французите го ценат квалитетот, па и ако не се толку познати брендовите.“
4. Никогаш не ги мешајте парфемите.
„Кога малку подобро ќе ги запознаете парфермите, ќе научите колку е тешко да се направат, како и колку важен е „носот“, односно работата на личноста што го осмислува парфемот.
На пример, потребни им се бази што не мирисаат добро, а кои се мешаат со останатите состојки, како би се постигнала извонредност. Затоа, никогаш немојте ни да помислите дека може сами да ги мешате парфемите. Тоа едноставно нема да функционира!
Французинките не се совршени, ама француските брендови дефинитивно се. Верувајте им.“
5. Нека ви замириса целиот живот.
„Во фиоките ставам потпури, а за автомобилот користам спреј за освежување на ентериер. На влезот од домот, пак, имам поставено ароматични стапчиња.
Еден мирис имам и во канцеларијата, а исто така сум зависна и од мирисливите свеќи, без кои никаде не патувам.
Кога е парфемот во прашање - без него нигде не излегувам.“
М. А. | Црнобело