5 трикови за убавина кои лесно може да ги ископирате од Французинките

Ах, тој неодолив француски шарм! Нивниот стил е познат како еден од најскладните во светот, а дури и кога не се некои убавици, Французинките изгледаат заводливо, шармантно и толку гламурозно.

5-trikovi-za-ubavina-koi-lesno-mozhe-da-gi-iskopirate-od-francuzinkite-1.jpg

Лежерниот став кон животот се одразува и на нивната гардероба, но и чантичката за козметика, баш како и правилото дека е подобро да вложите во неколку квалитетни парчиња, отколку да се затрупате со евтини крпчиња и невкусна шминка.

5-trikovi-za-ubavina-koi-lesno-mozhe-da-gi-iskopirate-od-francuzinkite-2_copy.jpg

Ви откриваме 5 правила за убавина кои лесно може да ги преземете од овие елегантни и фасцинантни жени:

1. Негата на кожата нека ви биде на прво место

Французинките ретко ставаат пудра, а уште поретко го задушуваат лицето со преголема количина на шминка и козметички производи. Тие сакаат нивната кожа да дише и изгледа природно, па редовно ја чистат и негуваат, а попрво вложуваат во добра крема, отколку во најнов бронзер.

За да добиете „француски тен“, добро ќе ви дојде коректор кој ќе ги прикрие малите несовршености, односно транспарентна пудра која ќе го отстрани несаканиот сјај, и тоа без боја. Притоа, не се ни обидувајте да ги сокриете пегите или лузните на лицето.  Французинките би ви рекле дека токму тие детали ве прават тоа што сте и ви даваат карактер. Слободно заборавете и на руменилата во жарки бои и „хајлајтерите“, барем на некое време.

5-trikovi-za-ubavina-koi-lesno-mozhe-da-gi-iskopirate-od-francuzinkite-3.jpg

2. Нашминкајте ги или очите или усните

Французинките сакаат убав кармин на усните, но никогаш нема да го носат со јака сенка на очите или светло руменило. Ја имаат усовршено и помалку размачканата линија со моливче и класичниот мачкаст потег со туш за очи, но ги комбинираат само со голи усни. Запомнете – секогаш треба да истакнете само една работа на лицето!

5-trikovi-za-ubavina-koi-lesno-mozhe-da-gi-iskopirate-od-francuzinkite-4.jpg

3. Косата секогаш мора да изгледа природно

За разлика од Американките, Французинките не патат за фризури кај кои секое влакно е на свое место. Напротив, сакаат да изгледаат како штотуку да поминале неколку часа забавувајќи се, а не седејќи во фризерскиот салон, па нивната коса е секогаш суптилно разбушавена. Таквиот изглед е лесно да го постигнете, доколку имате добар фризер кој квалитетно ќе ја потшиша и бојадиса вашата коса.

5-trikovi-za-ubavina-koi-lesno-mozhe-da-gi-iskopirate-od-francuzinkite-5.jpg

4. Одберете препознатлив мирис  

Нека вашиот парфем биде ваш потпис. Кога ќе го пронајдете оној кој најдобро го опишува вашиот карактер – држете се до него!

5-trikovi-za-ubavina-koi-lesno-mozhe-da-gi-iskopirate-od-francuzinkite-6_copy.jpg

5. Спијте, пијте многу вода, љубете и уживајте

Среќната жена е најубава жена, па нека тежнеењето за опуштен живот полн со мали задоволства, биде една од најголемите тајни на вашиот добар изглед.

5-trikovi-za-ubavina-koi-lesno-mozhe-da-gi-iskopirate-od-francuzinkite-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Продукти за убавина кои секоја Французинка ги има во својот несесер Црвен кармин, масло за кожа, маска за очи... Кои се продуктите за убавина со кои...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
Детали кои не ги забележувате во изгледот, но поради нив делувате неуредно Темни траги на прстите од прстените, неразмачкана пудра, остатоци од долготраен ...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg