Тајни за совршена коса кои ги знаат само Французинките
Тие поседуваат природен шарм, вроден стил, витка фигура без гладување, секси доза на бунтовништво, а згора на сѐ имаат и совршено несовршена коса. Како ли им успева?
Кои се тајните на нивната убавина? Факт е дека француските дами се негуваат, но и се ценат себеси такви какви што се.
Кога е фризурата во прашање, и самите тие ќе потврдат дека постои мала, но значајна причина поради која жените ширум светот лудуваат по нивните коси.
Французинките секогаш делуваат софистицирано и средено, ама и ненаметливо, безвременски и природно.
А, пред сѐ, косата им изгледа мошне здраво. Најчестиот изглед за кој тие се одлучуваат е фризура со текстура.
Покрај со производи за стилизирање, истата се постигнува и со бојадисување, како и посебна нега на влакното.
Французинките редовно нанесуваат маски за коса, балансирајќи помеѓу тие за хранење и чистење, како би го го одржале мекиот изглед.
Притоа, подолго им се задржува и бојата на косата.
Тие не се љубителки на честото фарбање, туку паметно ја бојадисуваат, решавајќи се за омбре фазон, или можеби прамени.
Нивните фризери, пак, знаат дека косата мора секогаш да им изгледа како да се „во движење“, па така и ја потстрижуваат.
Токму таа динамика во фризурата и им додава на сексапил.
А, што е со шишките? Многубројни Французинки имаат рамни и густи, или, пак, ретки шишки.
Сепак, една карактеристика е универзална – тие речиси им ги покриваат очите. Секоја девојка што ги имала на себе, веројатно знае дека таквата должина умее да биде особено проблематична за носење.
Меѓутоа, се чини дека француските дами се навикнати на нив, или, пак, едноставно „трпат за убавина“.
Во секој случај, колку и да се непрактични, овие шишки изгледаат убедливо најдобро.
За да постигнaт волумен и текстура на фризурата, се разбира, користат и производи за стилизирање. Меѓутоа, внимателни се тие да не содржат алкохол, бидејќи ќе го иритира скалпот и крајно ќе ја отежни косата.
Еден од триковите за совршена коса им е употребата на розова вода, како и продуктите што ја содржат во составот, бидејќи таа природно го потпомага постигнувањето волумен.
Доколку, пак, сакаат фризура што ќе го издржи и силниот париски ветер, посегнуваат по спреј за коса. A, ако имаат проблеми со кратките бебешки влакна, нив ги скротуваат со крем за коса.
За малку повеќе текстура, тие го сакаат шампонот за суво миење на косата, со што ги стилизираат и шишките.
Друга тајна е дека Фрaнцузинките се трудат да ја мијат косата еднаш седмично. Тие знаат дека претераното миење го иритира скалпот.
Сепак, иако дефинитивно е подобро тоа да го правите што поретко, ваквата рутина зависи од повеќе фактори, како временските услови, но и природната склоност кон мастење.
Како би го спречиле прекумерното мастење на косата, испробајте го нивниот трик.
Французинките прават пилинг на косата, еднаш неделно, или на две недели.
При изборот на производи за миење на косата, тие ги избегнуваат оние со содржина на силикон. Всушност, ни малку не ги сакаат, затоа што го oтежнуваат влакното.
По миењето, пак, косата ја чешлаaт исклучиво со четки од природни материјали, кои истовремено им служат и за масажа на скалпот.
Но, ако косата ја мијат толку ретко, тогаш како успеваат да го одржат свежиот мирис?
Одново се враќаме на розовата вода, која е идеална за освежување на косата наутро. Најдобро е да ја спуштите главата надолу, да ја напрскате по должината, па набрзина да ја осушите.
Триковите на Французинките и не се така тешки и неостварливи, зар не?
M. A. | Црнобело