Lisca колекција - елеганција во облините
Овој пат имаме неколку идеи како да се погрижиме за елегантен стил и заводлив избор на долна облека, и покрај тоа што имате малку повеќе облини.
Долната облека во поголеми броеви вообичаено е во црна, бела или боја на кожа, но тоа не е причина вашата гардероба да биде досадна. Помеѓу модните трендови изберете го својот омилен - на пример оваа година исклучително е популарен цветниот дезен.
Високите гаќи го прикриваат и благо го притискаат стомачето, а воедно во последниве години се сé попопуларни. Можете да ги комбинирате со вашиот омилен градник, а можете да си дозволите и малку различност – ако вообичаено носите градник со пенести корпи, понекогаш пробајте и модел само со жица. Ќе ви делува многу лесно, а сепак дава одлична потпора на градите.
Изненадете се себеси и другите со нешто навистина секси – долна облека во заводлива црвена боја. Иако тоа нема да биде избор за секој ден, дозволете си во гардеробата и долна облека за посебни пригоди и за ваша самодоверба.