Чантите како мрежа се најшик модниот детаљ за оваа есен (фото)
За шик и самоуверени девојки! Чантите како мрежа ги освоија трендсетерките ширум светот.
Оваа есенска сезона, кога станува збор за чантите, ќе покажеме сѐ.
На модните недели го видовме кул моделот на чанта како мрежа, кој на сите ќе им дозволи да видат што носите со себе. Од најелегантните до најспортските изданија, овие чанти модните блогерки ги споија речиси со сѐ.
Чантите како мрежа во сите бои и од сите материјали ги освоија срцата на девојките ширум светот. Тие даваат уникатен печат на секој стајлинг.
Сепак запомнете дека сите ќе знаат што носите во вашата чанта, па ставајте внимателно.
Еве неколку предлог модели за шик печат на вашиот есенски стајлинг:
С. С. | Црнобело