Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама
Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии, а тежи само 33 грама. Во неа можете да носите само мобилен телефон.
На Модната недела во Париз за првпат беше претставена чанта која е изработена од 99 отсто воздух и 1 отсто стакло.
Станува збор за иновативен модел изработен од брендот Coperni, кој минатата година се претстави со вистинско шоу на модната писта кога на Бела Хадид ѝ направи фустан од боја.
Новата „Вселенска чанта“ (Space Bag) на брендот за брзо време стана вистински хит на социјалните мрежи и речиси насекаде се споделува видеото од моментот кога ја вадат од куферот со кој била пренесена на ревијата.
Инаку, за изработката на чантата брендот соработувал со НАСА и бил користен наноматеријалот којшто воедно е најлесниот материјал во цврста состојба на Земјата и се користи за ловење на ѕвездена прашина.
Чантата тежи само 33 грама, а кога ќе ја ставите на маса звучи како да оставате кристално стакло на површината.
Од брендот тврдат дека иако чантата делува мошне нежно, таа е издржлива, односно може да издржи температура од 1.200 степени Целзиусови и притисок што е посилен 4.000 пати од нејзината тежина.
На прашањето дали нешто може да се носи во чантата, претставници на брендот одговорија дека може да ставите еден iPhone.
Погледнете како изгледа одблиску оваа чанта на иднината:
Б. С. Б. | Црнобело