Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


На Бела Хадид ѝ направија фустан од боја на модна ревија во Париз, откако се појави гола на пистата (фото+видео)

Неколку артисти од француски моден бренд направија спектакуларно шоу на Модната недела во Париз – ѝ направија фустан од боја на Бела Хадид, додека таа стоеше гола на пистата.

na-bela-hadid-napravija-fustan-od-boja-na-modna-revija-vo-pariz-otkako-se-pojavi-gola-na-pistata-foto-video-01.jpg

Модниот бренд Coperni ја имаше најоригиналната ревија на Модната недела во Париз.

Во петокот, 30-ти септември, на модната писта се појави Бела Хадид која носеше само долна облека и си ги криеше градите со раката.

На пистата застанаа и тројца артисти кои ѝ го покрија телото со бела боја и ѝ направија фустан.

Потоа, друга артистка ја среди формата на фустанот – направи рамки, како и шлиц. На крај, 25-годишниот модел зачекори по пистата со белиот тесен фустан.

Генијалниот дизајн беше споделен и на официјалниот Инстаграм профил на Вог:

„За пролет 2023, Coperni им ја посвети пистата на ’жените од овој свет‘. Главниот настан? Бела Хадид стои на центарот на пистата, додека тројца мажи ѝ прават фустан со боја.

Фустанот беше комплетиран од друга артистка, која ги искористи нејзините раце и пар ножици за да го оформи фустанот на Бела“, стои во описот.

Очекувано, изведбата беше пречекана со громогласен аплауз од публиката.

Не е познато каква боја употребија артистите, но крајниот резултат дефинитивно е фасцинантен.

Во коментарите на Инстаграм, бројни корисници истакнуваат дека со задоволство би носеле таков фустан.

Повеќе фотки од настанот:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бела и Џиџи Хадид се гордеат со нивната кул мајка – на 61 година изгледа исто како во младоста Кул фотки од бременоста со едно од трите деца, додека малечката Бела е покрај не...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Криси Тајген критикувана – се бања гола со децата: „Големи се за да ја гледаат гола мајка им“ „Ниту едно дете на оваа возраст не сака да се бања со голата мајка до себе“, „Ни...
Двејн Џонсон со хит видео на Инстаграм - Ќерките го шминкаат, му лепат бисери на очите „Тоа што почна со прашањето на моите две торнада Џези и Тиа: ‘Тато може ли да ти...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Ешли Греам првпат на модното шоу на Victoria’s Secret – ги покажа облините во црно боди од тантела (... Со црно боди од тантела и крилја украсени со златни цветови, Ешли Греам го имаше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg