Коска и кожа: Манекенката која предизвика лавина од критики (фото)
Дизајнерот Алекс Пери веќе еднаш беше критикуван затоа што дозволува преслаби модели да чекорат на модната писта во неговите креации.
Тој дури и има изјавено дека направил сериозна грешка што во 2014-та ја вработил преслабата манекенка Каси ван ден Дунген и што дозволил нејзиниот изнемоштен изглед да предизвика неред на модната недела во Австралија.
Но, на модната недела во Австралија, неколку негови креации ги носеше модел кој изгледа и послабо од Каси ван ден Дунген.
По бројните критики кои беа насочени кон овој дизајнер, тој изјавил: „Во минатото избрав преслаба девојка и тоа го признав, но овојпат немав никаква врска со изборот на моделите кои ќе ги носат моите креации“.
Н. Г. | Црнобело