10 модни трикови со кои ќе изгледате послабо
Панталони со висок струк, блузи со V-израз... Како да се облечете, а да изгледате визуелно послабо од она што сте?
На многу жени им е тешко да решат што ќе облечат, особено кога сакаат да го скријат малиот вишок килограми.
Сепак, постојат неколку трикови кои можете да ги примените и визуелно да намалите неколку килограми.
Дел од нив во продолжение:
Изберете темни бои
Иако црната боја прави да делувате послабо, тоа не е единствената боја што треба да ја носите. Изберете и темно сива, црвена, зелена или морнарска сина.
Избегнувајте ги панталоните и фармерките со светли бои од кои нозете ќе ви изгледаат подебело, особено ако имате широки колкови.
Блузи со V-израз или деколте „Бардо“
Деколте Бардо (од рамо до рамо), инспирирано од актерката Брижит Бардо, како и блузите во V-израз го издолжуваат вратот и даваат можност да се види клучната коска, па со тоа привлекуваат внимание кон еден од најслабите делови од вашето тело.
Избегнувајте хоризонтални линии
Наместо хоризонтални, изберете вертикални линии, кои ќе направат да делувате повисоко и послабо од што сте навистина.
Избегнувајте кратки ракави до половина рамо
Ракавите до половина рамо го нагласуваат најдебелиот дел од рацете.
Затоа, избирајте блузи со ¾ ракави или ракави до лактите, бидејќи тие визуелно ја издолжуваат раката.
Облека со дискретен принт
Секогаш, наместо облека со крупен принт, изберете парчиња со поситен принт или подискретни шари.