Ремек дело: Четвртата SON OF SALOME колекција „Реквием“
Колекцијата Реквием е истражување инспирирано од ремек-делото на Бернини Екстазата на Света Тереза.
Оваа впечатлива колекција навлегува во сложените аспектина емоциите, низ циклусот на откровение, раст, екстатична трансценденција, уништување и евентуално затворање.
Колекцијата е уметничка студија која има за цел живописно да ја илустрира трансформативната моќ на емоциите преку спој на принтови, текстури и силуети.
Конкретно, дванаесетте изгледи си играат со симболиката на црно и бело, евоцирајќи ги темите на повторното раѓање и смртта, додека инкорпорирањето на сребрени акценти низ дизајните симболизира заштитна аура слична на оклоп.
Се состои од 14 парчиња облека, вклучувајќи фустани, здолништа, блузи, боди иракавици, колекцијата ја покажува разновидноста на естетската визија на SON OF SALOME. Секое парче е направено за да пренесе посебен аспект од емотивниот циклус.
Најистакнат елемент во колекцијата е дигитално илустрираната изгорена човечка мускулатура испечатената на плетнина.
Колекцијата е достапна во салонот на Занов.
Контакт: Димитар Бабков
Фотограф: Станков Антонио
Модел: Манас Ивана, Models In Management
Фризура: Николовска Елена, Social Hair Salon
Шминка: Деловска Ивана, Студио Деловска
Благодарност: Занов Митко, Петрушевски Тони