Нова впечатлива колекција HEARTBEATS'24 на ZANOV

HEARTBEATS '24 е колекција која го негува феноменот наречен љубов, вклучувајќи ги сите различни типови на љубовта.

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-01.jpg

Тоа е едно еуфорично искуство, коe сите сме го доживеале. Од љубов кон сами себе, до љубов кон друго битие, тоа искуство може да биде отсликано во најразлични форми од посветеност, приврзаност, фамилијарна љубов, пасија кон работата, романтика, страст, па дури и до опсесија.

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-14.jpg

Сите овие видови на љубовта, се катализираат различно , па затоа и секоја од нив има уникатно влијание врз нас. 

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-01_copy.jpg

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-02.jpg

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-03_copy.jpg

Иако љубовта опфаќа низа од силни позитивни емоционални и ментални состојби, таа може да биде и негативна, при што нејзиниот порок претставува човекова морална маана, себичност, егоизам, суета и емоционална недостапност. 

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-06.jpg

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-05.jpg

HEARTBEATS '24 ја отсликува симбиозата токму на тие негативни страни на љубовта, скриени и неискажани мисли, затвореност и неискреност, ладнокрвност, апатија и сите неостварени желби што го тераат нашето срце да го промени ритамот на биење. Тој процес на целосно пулсирање на срцето е движечкиот импулс што нè прави живи од првиот ден, до последниот.

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-23.jpg

Палетата на бои на колекцијата е инспирирана од теоријата на тркалото на љубовта во боја, која опишува шест љубовни стилови, вклучувајќи црвена, портокалова, жолта и сина.

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-09.jpg

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-11.jpg

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-08.jpg

Црната и белата боја, ги претставуваат спротивностите, позитивните и негативните состојби на љубовта, додека рефлектирачката сребрена го отсликува вистинското јас, нашите доблести, стравови и маани, а обезбедува и емоционална, социјална или друга одбрана.

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-13.jpg

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-12.jpg

Најуникатна текстура во оваа колекција е ватираната ткаенина со буквата Z, која што преку симболичен начин го претставува идентитетот на брендот и отчукувањата на срцето на брендот.

HAERTBEATS '24 содржи 12 изгледи составени од фустани, корсети, мини и макси здолништа, панталони, јакни, мантили и блузи. Модните додатоци во колекцијата се состојат од чанти во форма на ZANOV корсет, ватиран ранец, опера ракавици, рефлектирачки Z обетки, како и рачно изработени украси за на глава.

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-16.jpg

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-18.jpg

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-17.jpg

Во оваа колекција ZANOV за прв пат вклучува и машка облека. 

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-21.jpg

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-22.jpg

nova-kolekcija-heartbeats-24-na-zanov-23_copy.jpg

Models: Veda Evtimova, Muhamed Enuz, Sofija Simonoska, Yllzinho

Model agency: Models In Management

Photography: Antonio Stankov

Hair: Elena Nikolovska Social Hair Salon 

Make Up: Sim Saltirova

Assistant: Eva Pop Tanevska

Special thanks: Dimitar Babkov, Toni Petrushevski

Би можело да ве интересира:

Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
8 модни парчиња што вреди да ги купите оваа есен (дури и ако гардероберот ви е преполн) Мантил со маслинеста боја и црни мокасини – со кои парчиња ќе бидете тренди оваа...
Мартија Станојковиќ најсмело, Барбара Поповиќ - тантела: Како познатите Македонки ја носат црната бо... Од елегантните изданија на Тамара Тодевска со длабоко деколте до мини фустанчиња...
Предлог модни комбинации со бордо црвена – омилена боја за оваа зима (фото) Капут, здолниште или сам мал детаљ во бордо нијанса – Неколку предлози како да ј...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
Елена Најдоски одржа модна лекција: Како да ја комбинирате белата боја и во зима? Бел фустан искомбиниран со црна панделка, бел костум и бела блуза со крем капут....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg